Саудијците ставиле над 500 милиони долари на Русија

Во деновите околу почетокот на војната во Украина, еден од најбогатите саудиски принцови истурил над 500 милиони долари во руски компании.

Компанијата на принцот Алвалид бин Талал, Кингдом холдинг, уште во февруари парите ги инвестирала во руски Газпром, Лукоил и Роснефт.

Не се знае кој е точен датумот на инвестициите, само е познато дека „каса-прими“ што ја добива принцот е од февруари.

Од парите, најмногу се инвестирани во Газпром, 365 милиони долари, во Роснефт има пуштено 52 милиони долари, а во Лукоил речиси 110 милиони долари.

Алвалид е еден од најголемите саудиски меѓународни инвеститори, меѓутоа и еден од саудиските принцови кои најдолго се задржа во притвор во времето кога престолонаследникот Мухамед бин Салман ја зацврстуваше својата моќ во земјата.

Пред некое време државниот саудиски фонд, под раководство на Бин Салман, купи 16,9% од Кингдом холдинг во вредност од 1,5 милијарда долари.

16 август 2022 - 08:54