- Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која беше носителка на изборната листа на нејзината тазе партија Нова Алтернатива, доживеаа дебакл и во таа изборна единица и на ниво на држава.
- На „свој терен“, во Кецот, добиле само 1.571 глас или само 0,85%. Вкупно, таа и Нова Алтернатива на територија на Македонија освоија 3.438 гласови, односно само 0,34%.
- На локалните избори во 2021 година, кога беше поддржана пд ВМРО, во вториот круг против Шилегов, Арсовска освои 118.749 гласови.
- Кој ги лаже вака да се летаат, не ни е јасно.
- Повеќе од 60.000 мигранти од Мароко упаднале на шпанската територија Сеута во изминатите 24 часа, објави претседателот на енклавата со 83.600 жители.
- Во хаотичната инвазија преку море и преку оградата загинале најмалку 43 луѓе.
- До денеска попладне, околу 37.500 доброволно се вратиле во Мароко. Другите настојуваат да продолжат кон континенталниот дел на Шпанија - поттикнати од неодамнешната одлука на премиерот Педро Санчез да легализира половина милион мигранти.
- Премиерот ја нарече ситуацијата „напад“ и вината ја префрли врз организираните шверцери на мигранти.
- Санчез додаде дека Мадрид соработува со властите во Рабат за враќање на сите нелегални мигранти во Мароко што е можно побрзо. Полицијата од мароканската страна денеска со пендреци и солзавец спречувале уште илјадници луѓе што настојувале да се префрлат во Шпанија.
- ЕУ ја оцени ситуацијата како „неприфатлива“ и инсистира дека „враќањата мора да бидат брзи, како што дозволуваат правилата“. Европската комисија ѝ вети помош на Шпанија да се справи со кризата.
- „Снимките од Шпанија се тажен потсетник за последиците од масовната миграција и од радикално левичарските глобалистички политики што ја овозможија инвазијата врз Западот“, оцени американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.
- Доналд Трамп изјави дека сè уште не одлучил дали ќе ѝ дозволи на Украина да добие лиценца за произведување на американските пресретнувачки ракети „Патриот“, кои се приоритет на Киев за одбрана од руските напади.
- „Тоа е навистина извонредно оружје и... мораме да бидеме малку внимателни на кого му доделуваме лиценца. Ние всушност не доделуваме лиценци за опрема“, изјави Трамп.
- Продажбата на ракети и лиценцата за производство биле главните теми на разговорите на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот во Белата куќа. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп се согласил да ѝ даде лиценци на Украина.
- Трамп вчера изјави дека е фокусиран на крај на војната во Украина и дека во наредните денови ќе ги испрати своите специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во прва дипломатска мисија во Киев.
- „Наједноставно кажано, сакаме да заврши војната на Русија во Украина. Не барам ракети. Бараме мир“, изјави Трамп.