Договорот меѓу 27-те амбасадори на ЕУ го објави Белгија, каде што се чува најголем дел од замрзнатите средства на руската централна банка.
Се работи за околу 210 милијарди евра на Русија кои ЕУ ги замрзна како казна за руската инвазија на Украина.
Се очекува тие пари годишно да бидат оплодени со три милијарди евра кои би му се праќале на Киев: 90% за муниција и друга воена опрема, остатокот би се водел како друг вид помош.
Првата рата од средствата би можела да стигне во Киев во јули. ЕУ проценува дека до 2027 година би се насобрале од 15 до 20 милијарди ваков профит.
Земјите членки на ЕУ ќе треба официјално да го потврдат договорот на своите амбасадори, по што ќе се чека да се види како ќе реагира Русија која во април предупреди дека некого „ќе боли“ ако им се чекаат нивните пари.