Samsung Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6: Совршенство од форма и функција

Кога зборуваме за телефони на преклоп, нашите највисоки очекувања веќе подолго време се насочени кон Samsung и неговата Galaxy Z серија со моделите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. И не грешиме, бидејќи овој производител, од година во година ги поместува границите на иновативните перформанси на своите телефони на преклоп, користејќи cutting edge технологии при изработката.

Овој пат приказната е дополнително засилена со надградената Galaxy AI* (вештачка интелигенција), која ги подига бројните функции на  Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 на едно ново ниво на употреба.

Телефони со форма и дизајн за секого

Најкарактеристично за телефоните на преклоп е нивната форма, а со тоа и врвната изведба при производството. За да ги задоволи барањата на што поголем број на корисници, Samsung го претстави новиот Galaxy Z Fold6 кој кога е преклоп има стандардна големина, но кога ќе го отклопите, се претвора во уред со екран од 7,6 инчи кој може да го замени вашиот таблет, а понекогаш и лаптопот. Наменет на сите оние кои сакаат да ги завршуваат своите работни задачи кога се во движење, овој уред со сигурност ќе ја максимизира вашата продуктивност. Другиот помалиот модел пак, Galaxy Z Flip6 кога е отклопен ја добива стандарната велична, додека пак кога ќе го преклопите, добивате двојно помал уред совршен за секој џеб, дури и за најмалата ташничка. Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на обата уреда префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб, а подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се одржи цврстината. Естетски зборувано, новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се карактеризираат со врвен визуелен изглед, дизајн кој за прв пат кај овие модели може да се пофали со најтенка и најлесна за носење изработка на телефони на преклоп од семејството Galaxy досега. Исто така, оваа најнова генерација на паметни телефони на преклоп е опремена со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.

Galaxy AI кај новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6

Фолд моделите на Samsung веќе се оквалификувани од корисниците како идеални асистенти за продуктивно извршување на работата, а сето тоа сега е уште поусовршено благодарение на бројните ВИ функции кај Galaxy Z Fold6, кои се прилагодени за лесно и едноставно користење. Големиот екран кога е отклопен, е поинтелигентен од било кога досега, нудејќи уште поголема инспирација за креирање. Бројни зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како што е преведеување во реално време, hands-free интерпретатор, алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини, се само дел од бројните функции кои ви се на располагање кај Galaxy Z Fold6. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат и вашиот лаптоп. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.

Кај Galaxy Z Flip6, чиј целосен дизајн го прави овој уред ултра-модерен и уникатно привлечен, централна карактеристика е неговиот Flex Window, кој овој пат донесува бројни и нови опции за персонализација напојувани од вештачка интелигенција. Телефонот, кој двојно ја намалува својата величина кога е преклопен и при тоа изгледа неодоливо има многу повеќе опции за виџети и фантастични перформанси на камерите. Фотографии и видео содржини од невозможни агли сtanuvaat sosema возможни со Galaxy Z Flip6, вклучувајќи подобрена Nightography, Super HDR и уште многу други. Новите 50-мегапиксели широки и 12-мегапиксели ултра-широки сензори носат подобрено искуство во фотографирањето, со јасни и остри детали на сликата. Новиот сензор од 50-мегапикселен сензор поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, како и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x. Galaxy Z Flip6 доаѓа во нијансите на сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.

Безбедност на податоци, изработка и пакување според највисоки стандарди за заштита на животната средина

Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита.

Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се испорачуваат во пакување направено од 100% рециклирана хартија, а долговечноста на уредот е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.

Кои се другите нови уреди во екосистемот на Galaxy?

Освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, екосистемот на Galaxy е збогатен и зајакнат и со други врвни уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7, кои поседуваат фантастични перформанси при  грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба, а се овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново, комуникациско и најнапредно аудио искуство напојувано од вештачка интелигенција. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди кои совршено комуницираат меѓу себе, создава единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.  

Преднарачка и достапност

Преднарачките за Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro, како и новата серија паметни часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 започнуваат од 10 јули, а ќе бидат достапни во малопродажба од 24 јули 2024.

* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

(Комерцијален текст)

17 јули 2024 - 08:24