На врвот на милијардерската Хала на славните е Бил Гејтс, човекот кој од компјутерски вундеркинд, се трансформираше во средовечен филантроп. И покрај тоа што вкупната сума на добротворни донации на Гејтс се приближува до границата од 30 милијарди долари, неговото богатство денес е 48,8 пати поголемо од времето на неговото деби во 1987-ма. Пред 25 години богатството на Гејтс изнесуваше 1,25 милијарди долари, денес е 61 милијарда.
Ворен Бафет, партнерот по филантропија на Гејтс, исто така е во Халата на славните. Во 1987-ма Бафет започна со 2,1 милијарда долари, денес неговото богатство се проценува на 44 милијарди.
Третиот и последен потписник на Giving Pledge иницијативата меѓу легендите е Дејвид Рокфелер, единствениот жив внук на основачот на Стандард Оил, Џон Рокфелер. Иако нафтената компанија одамна не постои, семејното богатство денес е инвестирано во банкарскиот сектор и во недвижнини во Њујорк.
Меѓу богатите наследници кои успеале да се задржат на листата е и Французинката Лилијан Бетанкур, ќерката на Еуген Шулер кој во 1907-ма ја основал Лореал. Нејзиното богатство се проценува на 24 милијарди долари, споредено со 1 милијарди долари колку што имаше кога прв пат се појави на списокот во 1987-ма.
Јапонскиот могул за недвижности Еитаро Итојама и понатаму ја одржува империјата од 2,9 милијарди долари, која во најголем дел се базиран на деветте голф терени кои ги наследил од неговиот татко.
Единствено ако се смета по номинална вредност Дејвид Сеинсбури успева да најде место во Халата на славните. Неговото оригинално богатство од 1,6 милијарди долари во 1987-ма денес изнесува 1,1 милијарда долари. Меѓутоа ако се земе во предвид инфлацијата, неговите 1,1 милијарда се еднакви на 550 милиони долари од 1987-ма.
Меѓу милијардерите кои не го наследиле своето богатство е и кинезот Ли Ка-шинг, кој во 1940-та бега од Кина во Хонг-Конг, каде на 12 годишна возраст почнува да работи за да го издржува своето семејство. Во 1987-ма тој се појавува на листата со 1,6 милијарди долари. На последното пребројување на Форбс, тој е проценет на 25,5 милијарди, што е доволно за да биде најбогатиот човек во Азија.
24. членови на милијардерската Хала на славните
Bill Gates
Microsoft - САД
1987 нето вредност: 1.25 милијарди долари
2012 нето вредност: 61 милијарди долари
Warren Buffett
Berkshire Hathaway - САД
1987 нето вредност: 2.1 милијарди долари
2012 нето вредност: 44 милијарди долари
Li Ka-shing
Разно - Хонг Конг
нето вредност 1987: 1.6 милијарди долари
нето вредност 2012: 25.5 милијарди долари
Liliane Bettencourt
L'Oreal - Франција
1987 нето вредност: 1 милијарди долари
2012 нето вредност: 24 милијарди долари
Forrest Mars
Чоколади - САД
1987 нето вредност: 1.15 милијарди долари
2012 нето вредност: 13.8 милијарди долари
Jacqueline Mars
Чоколади - САД
1987 нето вредност: 1.15 милијарди долари
2012 нето вредност: 13.8 милијарди долари
John Mars
Чоколади - САД
1987 нето вредност: 1.15 милијарди долари
2012 нето вредност: 13.8 милијарди долари
Anne Cox Chambers
Медиуми - САД
1987 нето вредност: 1.8 милијарди долари
2012 нето вредност: 12.5 милијарди долари
Donald Bren
Недвижнини - САД
1987 нето вредност: 1.25 милијарди долари
2012 нето вредност: 12 милијарди долари
August von Finck
Инвестиции - Германија
1987 нето вредност: 2.5 милијарди долари
2012 нето вредност: 7.8 милијарди долари
Samuel (S.I.) Newhouse
Медиуми - САД
1987 нето вредност: 2.35 милијарди долари
2012 нето вредност: 7.1 милијарди долари
Donald Newhouse
Медиуми - САД
1987 нето вредност: 2.35 милијарди долари
2012 нето вредност: 6.4 милијарди долари
Ray Lee Hunt
Енергија - САД
1987 нето вредност: 1.3 милијарди долари
2012 нето вредност: 5 милијарди долари
Leslie Wexner
Продажба - САД
1987 нето вредност: 2.1 милијарди долари
2012 нето вредност: 4.3 милијарди долари
Erivan Haub
Продажба - Германија
1987 нето вредност: 1.3 милијарди долари
2012 нето вредност: 4 милијарди долари
Robert Bass
Енергија - САД
1987 нето вредност: 1.2 милијарди долари
2012 нето вредност: 3.6 милијарди долари
Lee Bass
Енергија - САД
1987 нето вредност: 1 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.1 милијарди долари
Henry Ross Perot Sr.
Технологија - САД
1987 нето вредност: 2.9 милијарди долари
2012 нето вредност: 3.5 милијарди долари
Eitaro Itoyama
Недвижнини - Јапонија
1987 нето вредност: 3 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.9 милијарди долари
Stephan Schmidheiny
Инвестиции - Швајцарија
1987 нето вредност: 1.5 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.7 милијарди долари
Masatoshi Ito
продажба - Јапонија
1987 нето вредност: 2 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.5 милијарди долари
David Rockefeller Sr.
Недвижнини - САД
1987 нето вредност: 1 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.5 милијарди долари
Henry Hillman
Инвестиции - САД
1987 нето вредност: 1.5 милијарди долари
2012 нето вредност: 2.2 милијарди долари
David Sainsbury
продажба - Британија
1987 нето вредност: 1.6 милијарди долари
2012 нето вредност: 1.1 милијарди долари