Куба се отвора за приватно

Карипската комунистичка земја најавува дека ја отвора економијата за приватни бизниси и дека ќе останат само малку сектори кои ќе бидат резервирани исклучиво за државата.

Куба објави дека ќе дозволи приватни бизниси во повеќето економски сектори што е сериозна реформа во државно контролираната економија на оваа земја. 

Министерката за труд Марта Феито рече дека наместо за 127 дејности како што беше досега , приватната иницијатива ќе биде дозволена во преку 2.000 дејности и дека само мал број области ќе бидат резервирани за државно управување.

Ковид кризата и засилените американски санкции што ги наметна Трамп жестоко ја погодија Куба која лани забележа пад од 11%, најголем во последните три децении. 

Освен стотиците илјади мали фарми, кубанскиот недржавен сектор се состои главно од мали приватни бизниси со трговија, таксисти или оние кои продаваат производи од домашно производство. Кога се дозволи отворање приватни дејности, околу 600.000 работоспособни Кубанци влегоа во овој сектор.

 

7 февруари 2021 - 16:48