Кина даде зелено светло за купување на мобилниот гигант Моторола од страна на Гугл со обврска андроидот да остане бесплатен и достапен секому во наредните 5 години.
Претходно одобрение дадоа и регулаторните тела на Европската Унија и САД.
Гугл ќе одвои 12,5 милијарди долари за аквизицијата. Меѓу другото ќе стане сопственик и на 17.000 патенти на Моторола.
Сумата за Моторола е поголема од вкупната сума која од 2004-та до сега ја даде Гугл за купувања фирми и проекти.