Глобалната економија ја движат регионите

Реалната сила и моќ која стои зад светската економија не се ни националните држави ниту економски моќните градови, туку мега-регионите. Нешто како Мини Шенген, само што тој регион е црна дупка.

Кога светските лидери и економистите зборуваат за глобалните економски текови, обично зборуваат за националните држави. Тоа е главната рамка за мерење на економската моќ и рангирањето па ќе дискутираат, на пример, кога Кина ќе ги претекне САД како најголема светска економија (во параметрот паритет на куповна моќ веќе ги имаат претицано).

Постојат економисти кои велат дека државите како рамка не ја одразуваат реалноста на денешната економија која функционира во кластери, обично омеѓени со два или повеќе мегалополиси.

Користејќи ги новите форми на сателитски снимки, двајца економисти од СитиЛаб дефинирале мега-региони во кои светлата не се гасат, обично имаат две урбани јадра, популација од над 5 милиони луѓе и генерираат повеќе од 300 милијарди долари.

Утврдиле дека на светот постојат 29 такви мега-региони кои се вистинската сила на глобалната економија. 11 се во Азија, 10 во Северна Америка, 6 во Европа, по еден во Јужна Америка и Африка и еден го делат Африка и Азија.

Еве некои од нив:

Бос-Ваш кој се протега од Бостон преку Њујорк и Филаделфија до Вашингтон е најголемиот со близу 50 милиони луѓе и генерирање 4 билиони долари. Да беше самостојна држава, ова ќе беше седмата по големина светска економија, поголема од Велика Британија и Бразил.

Големото Токио е најголемиот азиски мега-регион со нешто под 2 билиони долари и кој е дом на 40 милиони луѓе. Економија која се трка со Шпанија а е поголема од канадската.

 

СоКал ги опќафа Лос Анџелес и Сан Диего, со 20 милиони луѓе и економски резултати поголеми од оние на Австралија.

Лон-Лид-Честер е мега-регионот кој ги опфаќа Лондон, Лидс и Манчестер кој самостоен би бил меѓу топ 25 светски економии.

Хон-Шен кој ги опфаќа Хонг Конг и Шензен е веднаш зад британскиот мега регион. Во него има 20 милиони луѓе и дава економски резултати на ниво од преку 1 билион долари.

Еве ги деталите за сите 29:

10 јануари 2020 - 14:19