Фантастичната година за Зум, со уште пофантастична даночна пријава

На милијардите долари што Зум ги направи во првата година од пандемијата и целосносното запирање на светот, компанијата магично има платено вкупно 0 долари данок на профит.

Профитот на Зум од 2020 изнесува 660 милиони долари, што е раст од околу 4.000% во споредба со 16 милиони долари профит во 2019.

На вакви пари, Зум се подаде по стандардните милијардерски алатки за избегнување данок, па одлучи да го искористи давањето акции на својот менаџмент како начин да не плати никаков данок на државата. Акциите доделени на дел од своите вработени како надомест за успехот, Зум ги заведе како трошок заради што не остана простор тој да плати данок на профит.

Втора искористена мерка од Зум е даночното олеснување по основа на инвестирање во опрема неопходна за проширување на услугата во иднина.

Процената е дека овие и слични олеснувања што се користат од најголемите американски корпорации, годишно спречуваат околу 1.000 милијарди долари да завршат во американскиот буџет.

Зум ја заврши 2020 со вкупни приходи од 4,2 милијарди долари.

****

Еден коментар од Скајп околу успехот на Зум.

23 март 2021 - 12:35