Бахман на Твитер пишува „само кога еден литар ќе чини 100 евра или повеќе, нашите сограѓани полека ќе почнат да размислуваат дали можат да живеат без автомобил.“
Професорот во интервју за Билд признава дека е свесен дека поскапувањето на бензинот неизбежно ќе поскапи и многу други работи и истите ќе станат недостапни за сиромашните „но за жал тоа е цената што мора да се плати за заштита на климата“.
Идентично свесно Бахман објаснува дека глобално „премногу се имаме навикнато на концептот за просперитет за секого, за кој плаќаат сите бидејќи е на сметка на планетата.“
Негова процена е дека најголемиот дел од оние кои тврдат дека зависат од автомобил, всушност не зависат туку возат затоа што така им е полесно, „плус има и автобуси и возови“.