Американската трговска војна со Кина беше дебакл

Новата постава на Белата куќа најави дека ќе прави ревизија на досегашниот тек на американско-кинеските трговски односи кои ги физиономираше Доналд Трамп кој Кина ја безецираше како клучен архи-непријател. Според бројките кои и сега се достапни, тешко дека во ќитапите ќе најдат нешто друго освен фијаско.

Што требаше да се случи:

Трговската војна беше замислена како жесток план Кина да се фрли на колена така што огромен дел од увозот ќе се обремени со 25% тарифи, што пак требаше да го намали трговскиот дефицит, да го разгори американскиот извоз а Кина да ја забави во нејзината траекторија кон прераснување во доминантна супер-сила.

Што всушност се случи:

„Трговската војна со Кина ѝ наштети на американската економија и доживеаја пораз во своите главни намери,“ заклучува студија на американско-кинески бизнис совет, предочувајќи дека за време на војната, економскиот раст бил забавен а САД платија со 245.000 работни места.

  • Минатата година, трговскиот дефицит постигна рекордна разлика.
  • Директните странски инвестиции во САД во 2020 паднаа за 49%, повеќе од светскиот просек кој изнесуваше од 42%.
  • Лошите трендови навистина беа засилени од пандемијата но трендови се такви уште од 2017 година а Трамп упорно одбиваше да ги тргне тарифите наспроти нивното кочење на бизнисот.

Кинескиот есап е сосема поинаков:

  • Кинескиот трговски суфицит лани постигна рекордни 535 милијарди долари, што е за 27% повеќе од 2019 година.
  • Извозот им пораснал за околу 20%.
  • Директните странски инвестиции во Кина пораснале за 4% и се на ниво од 163 милијарди долари.

 

2 февруари 2021 - 11:43