40% биткоинџии се во була

Биткоинот е паднат за речиси 55% од својот врв во ноември, а 40% од сопствениците сега се во црвено со нивните инвестиции. Тој процент е уште поголем ако ги сметате само оние кои во игра влегоа последните шест месеци, откако валутата достигна 69.000 долари.

Само последниот месец, 15,5% од сите биткоин паричници влегоа во загуба, бидејќи најпопуларната криптовалута во светот падна под 30.000 долари.

Блиската корелација на вредноста на биткоинот со она што се случува на Насдаг (падна 4,3%) и другите берзи (јапонската Никеи падна 2,5%, англиската ФТСЕ 100 затвори со пад од 2%) го оспорува аргументот дека криптовалутата може да функционира како бафер за инфлацијата.

Аналитичарите исто така забележаа прилив на „итни трансакции“ во атмосфера на распродажба. Тоа се трансакции за кои инвеститорите плаќаат повисоки провизии, што укажува дека се подготвени да платат премиум цена за да го забрзаат времето на трансакциите. Вкупната вредност на сите платени провизии за трансакциите, минатата недела достигна 3,07 биткоини, најмногу досега.

Таа недела во размена влегле биткоини во вредност од 3,15 милијарди долари.

Биткоинот стои зад една третина од пазарот на криптовалути чиј вкупен волумен изнесува околу 570 милијарди долари.

10 мај 2022 - 12:58