Во Бугарија на бугарски, и само на бугарски

Бугарската Централна изборна комисија нареди отстранување на предизборниот клип на ДОСТ (партија на Турците во Бугарија), по основа дека видеото, кое инаку е на бугарски јазик, имало титл на турски јазик.

Клипот од 30 секунди не е ни стигнат до телевизија, туку забраната е за неговото објавување на официјалниот сајт на ДОСТ.

"При утврдување на фактите, комисијата заклучи дека единствената цел на вториот клип (има и друг без титл кој не е спорен) е спроведување на предизборна кампања на јазик, различен од бугарскиот. Вториот клип со титлот не е во согласност со Изборниот кодекс, посебно со член 181, ал. 2, согласно која предизборната кампања се води на бугарски јазик," стои во одлуката на ЦИК.

Комисијата во заклучокот бара отстранување на клипот од сајтот на ДОСТ и бришење од сите медиуми, Јутјуб и остатокот од интернет.

Ова е второ видео на ДОСТ, партија за која се претпоставува дека е на големо финансирана од Ердоган, кое е забрането од ЦИК. На 8 март комисијата побара тргање на изборен клип во кој учествува турскиот амбасадор во Бугарија.

Претседателот на ДОСТ пред логото на партијата

 

13 март 2017 - 12:24