Настрана рејтинзите на хрватските политички партии и институции и апсурдите на тамошната политичка сцена слични на нашите - на пример дека луѓего не веруваат во владата и не веруваат дека земјата се движи во добра насока ама затоа му веруваат на премиерот (?) - од последната редовна сондажа на агенцијата ИПСОС (види овде), интересна е проценката на луѓето во Хрватска кои се најголемите проблеми за државата и народот.
Најмногу луѓе (25%) сметаат дека најголем проблем е невработеноста. На второ место е корупцијата и криминалот (20%). Економската ситуација е на трето место (16%), а коронаворусот е дури четврти. Само 9% од Хрватите одговориле дека коронавирусот е најголем проблем во Хрватска денес.
„Наспроти невидената - навистина мислам невидената, без преувеличување - медиумска кампања во која 50 пати на ден од сите телевизии, радија и меинстрим портали нè маваат по глава и секои 5 минути нè потсетуваат колку короната е опасна, големо мнозинство на граѓаните на Република Хрватска не се согласува.
Луѓето имаат и други проблеми за кои медиумите очигледно не зборуваат или потполно ги потиснуваат. Ова е уште еден доказ дека медиумите оваа година застанаа на спротивната страна на интересот на јавноста што и доведе до драстичен пад на граѓаните во медиумите“, пишува Марио Накиќ за атмосферата во која секое спомнување на други проблеми освен короната, авторитарната и етатистичка свест го прогласува за ерес.