Таг: жозе мурињо

Челси го кани навредениот Парижанец на Стемфорд Бриџ

По скандалозното видео од париското метро, на кое навивачи на Челси не пуштаат црн човек да влезе во метрото и пеат дека се горди што се расисти, се огласи и Жозе Мурињо и клубот.

11 легендарни фотки кои ќе ги гледате повеќе пати

Некои работи од најпопуларната игра на планетава ги паметиме, но со оглед на тоа што ги има многу, а фудбалот не застанува, многу и ни се бришат од меморија. Благодарение на нејзиното височество „архива“ да се потсетиме на една куса листа која сигурно трпи уште многу.

Чиста сметка долга љубов, Мурињо останува до 2021 година

По завршувањето на тековната сезона во јуни, на Португалецот ќе му останат уште две години од договорот со Челси. Сепак и тој и клубот сакаат да ја продолжат успешната соработка со нов договор.

Никогаш не вели никогаш - Давиде Сантон

Повремениот италијански репрезентативен бек замина од Италија во 2001. година, кога изјави дека во земјата би се вратил само за да игра во Милан. Манчини сега му дава втора шанса, но навивачите не го сакаат.

Дали е Диего Коста најголемиот негативец на сите времиња?

Челси го доби Ливерпул 1:0 со голот на Бане Ивановиќ во продолжението, а мечот го одбележаа октоподот Тибо Куртоа и безобразното однесување на Диего Коста, кој ги газеше зглобовите на тројца противнички фудбалери. Таков однос Премиер лигата нема видено.

Мурињо ќе плати казна од 33.000 евра

По ремито против Саутемптон 1:1 на Стемфорд Бриџ на 28. декември, Мурињо изјави дека против Челси се води „валкана судиска кампања". Фудбалската асоцијација на Англија не му прости.

Фаворитски потоп во ФА купот низ историјата

Викендов во англискиот ФА Куп ќе остане незаборавен, откако Челси, Манчестер Сити и Тотенхем испаднаа од нисколигаши. Брадфорд против Мурињо го направи најголемото изненадување сезонава, по што Специјалниот поединечно му честиташе на секој гостински фудбалер.

Магичните четири во Европа

Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.

Хари Кејн е нов миленик на Вајт Харт Лејн

Со два гола и една асистенција на новогодишното дерби против Челси, 21-годишниот Кејн полека го заработува повикот за сениорската репрезентација на Англија. Во 2014-та постигна 15 голови во сите натпреварувања и сега само Агуеро од Сити има подобар скор од него.

Матеја Кежман објави книга

Поранешниот фудбалер на Партизан, ПСВ, Челси, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Фенербахче во петок ќе ја објави автобиографската книга, во која зборува за тоа каков е Мурињо приватно, зошто се скарал со Видиќ, разводот со жена му, проблемите во Париз и други пикантерии од богатата кариера.

Мурињо ги испофали Фергусон и својата сопруга

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед минатата недела изјави дека не е фер што Мурињо изгледа добро, зборува пет јазици и освојува сè како Џорџ Клуни. Специјалниот му врати на препознатлив начин.

Ако се држи до историјата, Челси ќе биде нов шампион

Сините од Лондон претходно на три пати ја освојуваа титулата во Премиер лигата, откако беа први на табелата за време на Божиќните празници. Во 22 сезони досега во Англија, 10 екипи го кренале пехарот на крајот, по лидерството на Божиќ.

На Мурињо не му е лесно со два тима

Пред вечерашниот дуел со Стоук, Португалецот вели дека не знае за кој играч да се одлучи, затоа што сите се во одлична форма, но истовремено вели дека не се плаши од фрустрирани играчи што не играат редовно. Челси сезонава загуби само еден натпревар во сите конкуренции.

Долгиот пат до тројната круна во Европа

Требл ја викаат Англичаните, а Триплета Италијанците. Ја добива оној клуб што ќе освои домашно првенство, куп и ЛШ или ЛЕ во една сезона. Три клуба во последните шест години направија таков подвиг, а во историјата еден клуб освоил 4 трофеи во една година во Европа.

Мурињо за Балотели

Секогаш кога ќе си помислите зошто Марио Балотели и покрај тоа што го ругаат прави толку глупоштини, потсетете се на изјавата на Мурињо.

Манчини доаѓа, Зенга тагува

Италијанскиот клуб на својот веб сајт објави дека Валтер Мацари е отпуштен, а на негово место доаѓа нивниот поранешен тренер кои потоа ги водеше Манчестер Сити и Галатасарај. Се огласи и Валтер Ѕенга, противкандидатот за клупата.

Ибраими ги стиши гостите од Лондон

Мурињо се жалеше во саботата дека фановите на Челси не се доволно гласни, по што вчера на гостувањето во Словенија им мереа децибели.

10 причини зошто Мурињо е во право кога ги критикува навивачите

Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.

Мурињо има 111 пати поголема плата од третолигашите

Португалецот е платен два и пол пати повеќе од Мануел Пелегрини на кој газдите му се Шеици.

Салах за малку ќе дадеше гол

Од кога дојде во јануари годинава, 22-годишниот Египќанец упорно сака да го увери Мурињо дека треба повеќе да игра. По вчерашниот потег со Шрузбери во купот, можеби ќе игра повеќе.

Драмење под трибините

Случувањата покрај теренот често се поинтересни од самиот натпревар, па така Мурињо, Венгер и Андре Виљаш-Боаш неколку пати беа главни во кадарот поради нивните реакции.

Мурињо иронично му врати на Рој Кин

Откако Ирецот изјави дека малку фалело да го нокаутира Специјалниот по некоректниот потег за време на дуелот меѓу Челси и Астон Вила, Португалецот возврати во свој стил.