Таг: жозе мурињо

Ламберт одби да се ракува со Мурињо

Менаџерот на Астон Вила, Пол Ламберт сакаше да ги одгледа последните минути од натпреварот со Челси и го игнорираше Специјалниот, кој на 3-0 се повлече во соблекувалните. Мурињо доби корпа и од Рој Кин.

Путин и Обама одбија, Мурињо прифати

Во стилот мечка страв мене не страв, Португалецот едвај ја издржа студената вода, после предизвикот кој го доби од Дидие Дрогба. Специјалниот ги номинираше Брајан Адамс, Џејмс Мекавој и ќерка му Матилде.

Мурињо ќе биде набркан со таков пристап

„Специјалниот“ секогаш сака да биде најдобар, но во пресрет на неговиот прв меч сезонава во Премиер лигата изјави дека не е грев ако се заврши втор на крај. Сите негови претходници, заедно со него, со таков пласман добиваа отказ од газда Роман Абрамович.

Како Мурињо му донесе 66 милиони фунти на Челси?

Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.

Од каде го извади Мурињо детево?

Челси за новата сезона купи две големи ѕвезди како Фабрегас и Диего Коста, но синоќа од срамен пораз против австрискиот клуб РЗ Пелетс ги спаси тинејџер. Се работи за Жереми Бога роден 1997 година кој почна да игра за тимот од Лондон уште од тимот У12.

Искинатите тикети поради Челси

Жозе Мурињо тотално му го искомпликува патот на Ливерпул за титулата, koja тешко е за верување дека ќе отиде и во негови раце. Причините за тоа нека ги бара во резултатите со екипите од долниот дел на табелата, кои на вас ви носеа само загуби во кладилница.

Утехата на Италијанците за Лигата на шампиони

Четврта сезона по ред Серија А нема свој претставник во полуфиналната фаза од најквалитетно клупско европско натпреварување, но тие најдоа некаква поврзаност на нивната лига со Симеоне, Мурињо, Гвардиола и Анчелоти.

Тајните на Мурињо кои ги откриваат неговите играчи

„I am the special one“ – си рече самиот кога пред 10 години ја започна првата авантура во Лондон. Од тогаш каде и да отиде е атракција пред камерите. Славните фудбалери кои ги тренираше самите ќе ви кажат зошто е посебен.

Навивачите ќе платат за Мурињо

Специјалниот до толку го сметаат во Лондон за посебен, што сметаат дека не треба да плаќа ниту парични казна.

Еленио Ерера или Жозе Мурињо пред пола век

Харизматичен, победник во душа и авторитетен. Тоа е легендарниот Ерена кој се роди на денешен ден пред 104 години и кој ја одбележа златната ера на Интер во 60-те години. За него велат дека има многу сличности со „The Special One“.

Ба го направи Жозе рекордер во ЛШ

По предноста на ПСЖ од 3:1 на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони, Челси ги подзагуби шансите за полуфинале, но резултатот 2:0 сепак не беше неостварлив за Лондончани кои му донесоа двојно задоволство на својот тренер.

Редици пред огледалото на Реал Мадрид

Жозе Мурињо во интервју за магазинот Ескваер ги критикуваше денешните модерни фудбалери и се пожали дека пред натпреварите некои играчи на Реал Мадрид поминувале долго време пред огледало.

Мурињо се врати во Мадрид

„Специјалниот“ повторно во Шпанија. Се моташе околу стадионот, ги мамеше навивачите, а на крајот се појави и на трибините на мечот помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Дел од луѓето беа ептен збунети и поверуваа дека е тој. 

Предговорот на Мурињо за автобиографијата на Дрогба

Добро е позната големата љубов помеѓу Жозе Мурињо и Дидие Дрогба која датира уште од првите нивни денови во Челси, а овој нивен однос португалскиот стратег го опиша во предговорот на автобиографијата на Дрогба.

Мурињо од Елче

Ако го гледавте натпреварот помеѓу Елче и Реал Мадрид, можеби се збунивте кога камерите го покажаа Мурињо. Тоа беше Фран Ескриба, тренерот на домаќините кого го нарекуваат „Мурињо од Елче". Ова е само една од работите кои ги поврзуваат Елче и Реал Мадрид.

Мурињо плачел за клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.

Мурињо потпиша за Фулам

Жозе Мурињо потпиша договор со траење од една година за Фулам. Синот на тренерот на Челси чие цело име е Жозе Марио Мурињо Џуниор ќе го брани голот на екипата на Фулам до 14 години.

Со “паркиран автобус“ пред гол до најмногу успеси

Оваа дефанзивна тактика од едно македонско село која на сличен начин ја применува и Жозе Мурињо не изгледа убаво за око, а најмногу ја мразат навивачите кои сакаат да гледаат отворен фудбал со многу голови. Но „специјалниот" со неа стана најдобар стратег на „Стенфорд Бриџ".

Мурињо и Гвардиола повторно на мегдан

Двајцата довчерашни ривали во шпанскиот фудбал немаат никаков допринес за патот на Челси и Баерн Минхен до финалето на Супер Купот во Прага, но судбината сакаше токму тие двајца да ги одмерат силите како нови стратези на освојувачите на двете клупски европски натпреварувања.

Тајните зад успехот на Мурињо

Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.

Како Мурињо за малку ќе станеше тренер на Барселона

Жозе Мурињо се врати во Челси, клубот кој го напушти пред неколку години кога наместо во Интер за малку можеше да заврши на клупата на клубот каде во моментов тој важи за непријател број 1.

Клади се на „Специјалниот“

„Специјалниот" се врати во Лондон по пауза од шест години, по што кладилниците веднаш ја збогатија својата понуда со специјални опклади, а веќе постоечките коефициенти за титулите на Челси почнаа да паѓаат.

Фејсбукот на Мурињо

Како изгледаше првото логирање на Мурињо на неговиот Фејкбук акаунт по пристигнувањето во Челси.

Враќањето на Мурињо

Забавата по повод враќањето на Жозе Мурињо во Челси сумирана во еден анимиран Гиф.