Жозе Марио се одличи да не ги следи стапките на неговиот татко. 14-годишниот голман во минатото беше член на младинската академија на Реал Мадрид додека Мурињо беше тренер на „Кралскиот клуб", но по преселбата во Лондон тој потпиша за ривалите од соседството.
Мурињо Џуниор потпиша за Фулам во траење од една година, колку што најдолго можат да потпишуваат фудбалери од странство на негова возраст.
Младиот Мурињо се надева дека ќе ги следи стапките на неговиот дедо Жозе Мануел Мурињо Феликс кој исто така бил голман, а има и настапено за репрезентацијата на Португалија во 70-те.