Најлудачките прослави на Мурињо

Со триумфот од 2:0 против Тотенхем во Лига купот, Специјалниот вчера стигна до седмиот трофеј со Челси, прв по кам бекот на Стемфорд Бриџ и вкупно 21. во тренерската кариера. На терен го гледаме сериозен, циничен и бунтовнички настроен, но поради вчерашниот повод, ќе направиме компилација само со моментите кога на душичката му било најубаво. 

Голот на Демба Ба на реваншот против ПСЖ.

Победничкиот гол на Роналдо против Манчестер Сити за 3:2 во 2012-та.

Прославата покрај аут линија за време на мечот Порто - Манчестер Јунајтед во 2004-та.

Голот на Торес во 92-та минута за триумф над Манчестер Сити.

Елиминацијата против Барселона во полуфинале од ЛШ, кога со Интер ја освои тројната круна.

Славјето на Мурињо на колена, кога Дрогба постигна гол против Барса.

Од вчерашното финале против Тотенхем

Матиќ да учи од Мурињо како се слави на колена.

2 март 2015 - 10:27