Јунајтед со 0:3 го победи Сандерленд а во моментите на тотална доминација на нивниот тим, навивачите на Манчестер можеа да си приуштат цел репертоар на стари и нови песни, па една од нив беше и за легендарниот Диего Форлан. Кога се сети дека нема Диего во тимот, Жозе Мурињо го праша Карик за кој Диего пејат?
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Кога добил фудбалски повик да се пресели во престолнината Кито, мајка му и брат му собрале пари за автобуска карта, а татко му неколку дена не знаел каде е син му и го барал за да му помага со шишињата.
Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.
Заборавете на мајсториите на Златан Ибрахимовиќ и на егоцентричниот Жозе Мурињо. Ова видео со бандата на Јунајтед е број 1 оваа сезона, нема да има појако. Едно големо браво за тој што седнал да го монтира.
Жозе Мурињо во пресрет на првиот осминафинален дуел од Лига Европа се пожали дека на теренот на Ростов е невозможно да се игра пас игра. Прво: беше во право и второ: суспензијата е реална.
Веќе неколку недели трае закачката меѓу Жозе Мурињо и тренерот на Челси Антонио Конте. Португалецот беше тој којшто ја иницираше целата дебата, а синоќа во 40’ минута од Купот за малку не се дофатија да се тепаат. После мечот Жозе одбил да се ракува со Италијанецот. Група симпатизери на Челси синоќа го навредувале Мурињо а тој им гестикулирал колку трофеи им донел.
Сезоната 2009/2010 е историска и незаборавна за секој навивач на Интер. Таа сезона едноставно за нив беше мелем на душа, бидејќи имаа класа играч на секоја позиција и го имаа Мурињо, човекот на кој вечно ќе му бидат благодарни за тројната круна. Пеколното искуство во Барселона го раскажува капитенот.
Пред мечот Блекбурн - Манчестер Јунајтед, едно од децата кои излегуваат под рака со фудбалерите од соблекувалната им кажа на судиите да не им даваат жолти и црвени картони на Роверс, туку на Јунајтед. Реакцијата на Мурињо беше невообичаена за него.
Кога дошол во Локомотив Москва, Ивановиќ бил само уште еден непознат легионер во руското првенство. Месецов се врати во Русија како играч кој освои Лига на шампиони, Лига Европа, ФА Куп, Лига Куп и Премиер лига.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
Под палката на Жозе дебитирале 49 млади играчи, но само дебитирале. Најголем дел од нив ги нема на фудбалската мапа, а еден од ретките светли примери е Алваро Мората кој стана стандарден репрезентативец на Шпанија. Што има Мурињо против младите таленти?
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
Историска сезона на Интер се смета 2009/2010 кога освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони или на италијански позната како Tripleta. Една доста занимлива претпоставка за тоа како им изгледал еден ден. Го има и нашиот кој не ја носел колата на перење, а требал да го вози Мурињо.
Бесконечните суми во кинеската супер лига примамија суперѕвезди како Оскар, Халк, Тевез, но постојат играчи и тренери кои меѓу фудбалот и парите го одбраа фудбалот.
Манчестер Јунајтед за противник во нокаут фазата во Лига Европа го доби Сент Етјен, дуел на кој е фаворит и дуел кој за некој беше инспирација да ископа нешто вакво.
Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.
Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо
По потрага по барем близу достојна замена за незаменливиот Фергусон, кој се препотува од мака кога ги гледа од вип ложата, Црвените ѓаволи по Мојс и Ван Гал, беше сосема логично спасот да го бараат во Жозе Мурињо. Но не оди и не оди.
Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?