Жозе Мурињо
Во мај 2007-ма беше уапсен за спречување на луѓе од центар за социјална заштита на животни кои сакаа да го стават неговото милениче во карантин. Кучето не беше доволно вакцинирано, а ситуацијата потоа беше решена.
Брајан Мекдермот
Кусо време откако беше отпуштен како тренер на Ридинг, Мекдермот беше снимен во еден бар како ја пее на караоке “Knockin’ on Heaven’s Door од Боб Дилан.
Марк Чемберлен
Таткото на Алекс Чемберлен има брат по име Невил кој исто така беше фудбалер. Кога двајцата заедно играа во Порт Вале имале навика на полувреме да си ги менуваат дресовите за да ги збунат противниците кога треба да ги чуваат.
Савио Нсереко
Германскиот фудбалер роден во Уганда во октомври 2012-та беше уапсен во еден ресорт во Талјанд откако лажел дека е киднапиран. Тој наводно се обидувал од семејството да изнуди 25.000 долари лажејќи ги дека тоа е бараната сума за да го вратат на слобода. Беше член на Бреша, Вест Хем, Фиорентина, Болоња и уште неколку клубови, а сега игра во Литванија.
Стјуарт Пирс
Поранешниот англиски репрезентативец е голем фан на панк рокот. Тој се наоѓа на насловната страница на албумот на еден од неговите омилени бендови The Lurkers, фатен на концерт пред бината. Со бендот The Stranglers се има сретнато околу 30 пари.
Лорен
Поранешниот дефанзивец на Арсенал е исто така страствен боксер. Живее во Севиља и има едно дете. Во ноември 2011-та му го пронајдоа скапиот часовник Ролекс кој му беше украден пред шест години. Зад кражбата стоеше 73 годишен маж кој беше уапсен.
Жером Томас
Англискиот фудбалер кој игра во Лига 1 беше споменуван во песната “London Town” на раперот Кано во истоимениот албум од 2007-та.
Фил Браун
Фудбалерот од пониските англиски лиги во септември 2009-та тврдеше дека спасил жена која сакала да рипне од мост. Сепак луѓето кои се грижат за мостот не биле известени дека постои таков инцидент.
Френк Лампард
Легендарниот поранешен фудбалер на Челси има 11 сертификати (GCSE) General Certificate of Secondary Education.