Кога Алфредо Ди Стефано објаснувал што значи да се игра за Реал Мадрид и каква одговорност носи тоа, рекол: „Да го заслужиш овој грб, првин треба да го испотиш дресот“.
Ди Стефано е најголемата легенда на Реал Мадрид и предводник на генерацијата која освоила пет Купа на европски шампиони по ред. Затоа тежината на неговите зборови за чувството на припадност е уште поголема. Овие зборови на Ди Стефано најдобро ги отсликуваат карактеристиките на Дани Карвахал чија биографија е длабоко поврзана со мислата на легендарниот Saeta rubia (Сината стрела).
На 12 мај 2004 година, на 12 години, Карвахал бил избран да ги претставува децата на Реал Мадрид при фрлањето на првата лопата во камен темелникот на новиот спортски центар на Реал во Валдебебас. Карвахал дошол облечен во дрес на Реал, е а за време на церемонијата, за рака го држел Дон Алфредо Ди Стефано.
(24 секунда од видеото)
Може да се каже дека Карвахал е во Реал уште од изградбата на темелите на Casa Blanca, но за да се стигне до првиот тим морал да помине низ трнлив пат.
Како што обично бидува, конкуренцијата на децата на Реал е голема колку притисокот. Но сево ова недоволно да се стигне во првиот тим, поради што многу деца мораат од далеку да се докажуваат за еден ден да се вратат. Историјата на Дани Карвахал е на некој начин есенција на правиот мадридизам, оној со испотената маица на Ди Стефано.
ПРВИТЕ ФУДБАЛСКИ ЧЕКОРИ НА ДАНИЕЛ КАРВАХАЛ
Карвахал е роден на 11 километри од Мадрид, во градчето Легањес, во 1992 година. Уште од мал сакал само фудбал поради што доаѓал еден час порано во школо, за да може да игра фудбал со врсниците.
Неговиот тогашен тренер во локалниот тим Леманс се сеќава дека Дани уште од мал бил екстремно воинствен на теренот, дури и премногу, поради што не поднесувал да губи. Најсреќен бил кога на денот на неговата „причест“, му подариле дрес од Реал Мадрид од јубилејната 100-годишнина на „Меренгес“ и го викнале 4 пати месечно да доаѓа на проба.
Не требале 4 партии: Карвахал уште после првата проба потпишал договор и на 10 години влегол во фамозната La Fábrica.
Уште од тогаш, како дете, играл бек а родителите кои не биле многу по фудбалот, биле горди на него. Две години подоцна со иконата Ди Стефано бил на отворање на новиот луксузен тренинг камп затоа што бил капитен на децата.
„Бев третиот капитен во јуниорскиот тим, можеше да изберат кој било. Мислев дека ќе оди некој од Кастиља (Б тимот на Реал) или капитен на младинците, а не јас. Имав голема трема, не знаев што да правам“, се сеќава денес Карвахал на најубавиот момент во неговото детство.
Фотографијата со Ди Стефано од овој настан стоела како икона врамена дома кај неговите во Легањес. Мајка му вели: „Како изгледаше дента, како да ќе оди во рудник“. Во еден историски момент од неговиот живот, Карвахал бил недоволно „кул“, карактеристика која скапо го чинела во Реал Мадрид.
Сонот да дебитира во првиот тим му се растурил во летото 2010-та, неколку дена пред летната турнеја кога Карвахал додека играл со другарите од детството, скршил прст. Тоа бил доволен мотив Мурињо да не го земе и онака недоволно симпатичниот десен бек.
Дани продолжил во Б тимот на Реал и бил во екипата кога освоила промоција во Сегунда Б. Но без големи шанси да го викнат во првиот тим.
Две сезони подоцна, на 20 години, без ниту една минута за сениорите, Карвахал не добил ниту нов договор и морал да замине. Се сеќавал на сите жртви кои ги направил да стигне до тука за да на крајот му кажат не си доволно добар да играш во прва екипа.
Самиот отсекогаш сакал да оди по потешкиот пат. Од третата шпанска лига замина во Бундеслига - Баер Леверкузен го купи за 5 милиони евра. Ваквиот развој на настаните, за 20-годишниот Шпанец кој живеел во 11 километри од Леганес до Мадрид а сега да се навикне на нов германски амбиент било сложен.
Живеел во Дизелдорф, 30 километри од Леверкузен, затоа што таму бил уште еден негов врсник од кадетите на Реал Мадрид, а Дани не сакал да остане сам. Носталгијата му била толку голема што другарите од Леганес често доаѓале кај него во посета а тој ги носел на паеља во Дизелдорф.
Набрзо станал првотимец во Баер кај тренерот Сами Хипија и одиграл фантастична сезона со дури 8 асистенции колку што имал Крос, а една помалку од Де Брујне.
Bild на крајот од сезоната го ставил во најдобрите 11 на Бундеслигата, а со „аспиринџиите“ играше и во Лига Европа. Но и тогаш уште бил детето од Кастиља што за Мурињо не било доволно за првиот тим.
Во Германија се навикнал на амбиентот но и научил многу нови вештинни: работел на физичка сила, бил појак во дуели и одлично центрирал. Во 2013-та година го освои Европското за млади фудбалери до 21 година (замислете му беше резерва на Мартин Монтоја).
Во меѓувреме Карло Анчелоти стана тренер на Реал Мадрид и без тешката нарав на Мурињо, Дани можеше да се врати во Casa Blanca. Особено што диригентите на Реал во договорот вметнале клаузула со која може да си го вратат Карвахал во следните три години. Не чекале три, туку ја активирале после првата година во Баер (слично на Мората со Јувентус).
Даниел се вратил дома во буквална смисла, затоа што живеел со родителите во Леганес, но во стан кој тој го купил со првите заработени пари.
Неговата скромност се докажала и со видеата на кои се гледаше како на тренинг доаѓа со Citroen Xsara додека Роналдо доаѓал со новото Ферари.
Петте минути на неуморниот десен бек дошле во идеален момент: првотимецот Арбелоа бил во немилост на Анчелоти кој реши да му дава простор на Карвахал. Додека Арбелоа важеше за бавен дефанзивец, Дани ораше по десната страна и со леснотија ја покриваше целата десна страна.
Од таа причина и во четвртфиналето против Баерн Минхен, Рибери и Алаба не се осудуваа да влегуваат во шпринт со него.
Неговиот придонес за неверојатната сезона на Реал Мадрид е огромен, иако Дани остана дискретен херој во сенка на Роналдо, Марсело и останатите. Неговите асистенции до Роналдо никој не го споменува, а Карвахал многу не се осврнува на тоа и секој меч трча како да е Суден ден.
Набрзо дебитираше и за Шпанија во чиј дрес веќе има 12 настапи. Сезонава Марсело има 12 асистенции, а Карвахал 11.
Анонимниот и скромен бек е можеби најважната карика на Реал Мадрид.