Таг: видео

Фаринели vs. Кафарели

Или е фина коинциденција, или е маркетинг финта: два нови албума со арии на двајца славни кастрати, кои во животот биле лути душмани, се појавија во ист ден.

„Два дена во Њујорк" (2012)

Фино, feel good филмче, ко за недела попладне, од умната и убава Џули Делпи, со Крис Рок и нејзиниот уште посмешен татко.

Дали сте чуле за Алис Ги Блашè?

Иако била првата жена-режисер на играни филмови, за неа до скоро не знаеа ни Џоди Фостер, ни Роберт Редфорд, ни Бен Кингсли. Сега двајца ентузијасти снимаат документарец за неа, кој ќе ѝ го зацементира неправедно одземеното место во филмската историја.

Митовите за Едит Пјаф

Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.

Том во Виена

Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.

Стиховите кои го инспирирале Дебиси

„Музиката е просторот помеѓу нотите", велеше Kлод Дебиси, чиј 151 роденден Гугл го слави со дудл, а ние со превод на песната на Пол Верлен, која послужила како инспирација за познатата „Месечева светлина“.

Уметнички проект инспириран од Аарон Шварц

Американскиот поет Кенет Голдсмит во уметничка галерија во Мексико сити успеа да собере 10 тони хартија со веб материјал, кои се дел од изложбата „Печатејќи го интернетот".

Библиотекари во акција

Легендарниот спот за Sabotage на Бисти Бојс режиран од Спајк Џонз, овој пат во верзија со малку поинакви сили на редот и законот.

Ода за печатениот збор

Дури и на оние кои не се двојат од своите е-читачи би требало да им дојде грутка во грло од клипчево. На оние пак кои се искрени почитувачи на напишаното на хартија им е дозволено да пуштат и по некоја солза. 

Игрица чиј главен лик е писател

Дури и за еден не-гејмер темата на играва делува промашено. Покрај толку верзии на историски спектакли, тепачки, стратегии, кој е тој кој би сакал да си троши време на игра со човек што се мачи да напише роман, и тоа на машина за куцање?

Компулсивно-опсесивна поезија

Денес ни тргна со поезијата, па ќе продолжиме во тој дух. Ама овој пример е од оние необичните, за кои дури и оние кои не сакаат поезија би требало да имаат симпатии. Да имаат симпатии. Да имаат симпатии.

Баталете мобилните дур возите

„Од една секунда до друга" е нов документарец на Вернер Херцог, посветен на проблемот на пишувањето пораки во текот на возењето. Ако некогаш сте си го дозволиле тоа, после видеово сигурно веќе нема да ви текне такво нешто. И не треба.

Киборгот кој слуша бои

Нил Харбисон (1982) е современ уметник, музичар и киборг активист. Стана славен откако го доби правото во пасошот да се слика со изумот „ајборг", кој му овозможува да ги нагласи и прошири сопствените сетила на вид и слух, со што практично стана првиот официјално признаен киборг. Ова е неговиот говор на ТЕД.

Koга Бјорк го сретна Атенборо

Звуци на громови, сини китови, клукајдрвци, и многу технологија, употребена за сето тоа да се регистрира и да се истражи врската помеѓу науката и музиката. Водители: кој друг ако не визионерката од Исланд и четириесет години постариот природонаучник?

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

Хармониката и нејзините мајстори

Една необична работилница за поправка на хармоники на Тајмс Сквер, и Либертанго на Галијано, кој утре настапува во Охрид, во предворјето на Св. Софија. Двајца маjстори, за и на хармоника.

Графичка новела за „грчкиот блуз“

Во склоп на нашите традиционални напори за приближување на грчката култура во пакет со летните туристичките аранжмани и шопинг турите кај нашиот јужен сосед, еден стрип посветен на ребетико, која не е само музика, туку начин на живот.

Заминувањето на „мајката на трубачите“

Пред неколку дена почина Лори Фринк, трубач(ка) која свирела со големи џез имиња кога речиси и да немало жени во оваа професија.

Кога филмовите одат во кино

Откако постојат филмови, во нив има и онакви „мета" моменти, кои зборуваат токму за снимањето/гледањето филмови. Еве една убава компилација на ова искуство, кое се уште е магично, и без 7Д.

Документарец за Калвин и Хобс

Вечерта на Нова година 1995, Бил Вотерсон го објави последниот, 3,150-ти стрип Калвин и Хобс. Од тогаш русокосото момче и неговото замислено другарче со лик на тигар влегоа во легендите.

Његош, Погорелиќ и Борјан Цанев

Во Котор пред неколку дена се одбележаа 200 години од раѓањето на Петар Петровиќ Његош. И тоа (ни) е важно заради неколку работи.