Таг: видео

Психологијата на лажењето

Серијата „Лажи ме" (2009-2011) со Тим Рот е за фиктивниот Кал Лајтман, експерт за микроекспресии, нешто ко Шерлок Холмс ама специјализиран за разоткривање л'жги преку гестови. Неговиот лик е всушност базиран на реална личност.

50-те шољи кафе на Балзак

Неодамна Њујоркер го емитуваше првиот од серија филмови кои ќе бидат прикажувани на Амазон, посветен на еден славен француски писател и неговата опседнатост со кофеинот. Кога течното не му вршело работа, тој кафето го џвакал.

Зборувате ли „џајв“?

„Груви", „фокси", „кул" - светот на џез музиката си има свој јазик, кој често се „прелева" во популарната култура.

Новооткриено заедничко дело на Моцарт и Салиери

Четириминутна кантата која повеќе од два века се сметала за исчезната, во ноември 2015 била пронајдена во архивите на Чешкиот музеј за музика. Оваа недела таа беше изведена во живо, можеби прв пат во историјата.

Доналд Трамп и периката на злото

Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.

Како се станува херој?

Сите инспиративни приказни на светот за подвизи на храбри луѓе ја следат истата шема. Кога ќе расчлениш, сфаќаш дека сите сме поминале низ некаков херојски подвиг, пример сме утепале змеј, само не сме знаеле.

Џо Хил - човекот без кого ќе ги немаше Дилан и Спрингстин

Радикален работнички активист, поет и музичар, Џозеф Хилстром, попознат како Џо Хил, повторно станува актуелен во контекст на кампањата на Берни Сандерс и неговата критика на капитализмот. И 101 година од неговата смрт пред стрелачки вод, класната нееднаквост и работничките права сè уште се актуелни теми.

„Обложување на столетието" (2015)

Кога во 2008 година на милиони погодени од финансиската криза им се стемни, на неколкумина кои тоа го предвидоа им осамна. Филмов е за оние вторите, базиран на бестселерот на Мајкл Луис од 2010, „Големиот облог: во пеколната машина".

Oдличниот музички вкус на Берни Сандерс

Во комплициран предизборен процес којшто на крај успеавме да го сфатиме објаснет преку Лего, Берни Сандерс за ептен малку загуби од Хилари Клинтон во Ајова. Но затоа многумина добро го запамтија неговиот говор по објавувањето на резултатите, и тоа најмногу заради музиката со којашто заврши.

Кога Бекет и Бастер Китон снимаа заеднички филм

Пет години пред да ја добие Нобеловата, Бекет решил да се проба на полето на филмот. Откако не успеал да го убеди Чаплин, се обидел кај уште една легенда на немиот филм, Бастер Китон. Овој најпрвин одговорил со само еден збор - „не".

„Раѓање на нацијата“ 1915 и 2016

Викендов беа доделени наградите на фестивалот Санденс. Онаа на публиката и на жирито ја доби „Раѓање на нацијата", којшто зборува за побуна на еден афро-американски роб во 1831.

Чудната врска меѓу Вуди Гатри и татко му на Трамп

Во декември 1950 Гатри потпишал договор за изнајмување новоизграден стан во Бруклин. На една страна на документот е авторот на „Оваа земја е твоја земја", химна на (замислената) рамноправност на сите што живеат во Америка. На другата страна е потписот на стариот на Доналд, Фред Трамп. Почудна комбинација, здравје.

Приказната за шесте деца кои 14 години не излегле од дома

Го гледавте „Соба" и бевте потресени? Ајде сега нешто документарно, не за соба туку за стан, и не за едно дете и мајка, туку за шест и авторитарен татко.

Соба (2015)

Ко за почеток два совета:

1. Ако сте родител (посебно мајка) обавезно гледајте го филмов.

2. Ако сте родител (посебно мајка) никако не го гледајте филмов*

* или барем спремете марамчиња 

Кога Скарлет Јохансон и Боуви го пееја Вејтс

Во 2008 Скарлет Јохансон го објави Anywhere I Lay My Head - нејзин деби албум кој содржи исклучиво кавери на песни на Вејтс. Уште во најава некои од нас (од чиста љубомора) го оценија проектот како арогантен, а Јохансон за добра актерка, која гребејќи се од музички пославните од неа сака да покаже дека може да биде и пејачка.

Комичарот што сними цел џез албум, иако врска нема од свирење

Х. Џон Бенџамин, гласот зад анимираниот „Арчер", со богата филмска и телевизиска биографија, има повеќе таленти. Но свирењето пијано не е еден од нив. Со само три часа вежбање, тој сепак успеа околу себе да собере познати музичари и да сними албум со прилично искрен наслов.

Боуви, Елвис и Блејд Ранер

После смртта на Боуви излегоа толку статии и муабети што веќе тешко ги следиме. Но после оваа теорија веќе немаме што да додадеме.

Сите лица на Алан Рикман

И пак од рак, и пак на 69 години - уште еден голем Британец го напушти овој свет. Стинг деновиве е забележан како поагилно вежба тоа јогата, Брајан Фери почесто се загледува во огледало, а и на Стивен Фрај нешто не му е баш најарно. Само Кит Ричардс не покажува знаци на тревога.

Доделена наградата Прицкер за 2016

Еквивалентот на Нобел за архитекти оваа година го доби 48-годишниот Чилеанец Алехандро Аравена. Суштината на неговата работа не е само во објектите кои ги има дизајнирано, туку во пристапот кон луѓето кои треба да живеат и работат во нив.

Aнтологиски филмски сцени со холограми

Џеф Десом е режисер и уметник кој работи визуелни ефекти. Неговиот најнов проект е комбинација на мини, рачно скулпторство и висока технологија

Нашите за Боуви

Без намера да наддаваме во глупиот натпревар на „Ја го сакав Х кога никој од вас не го сакаше", од луѓе за кои приватно (и јавно) знаеме дека Боуви им бил херој, кои ја свиреле неговата музика, организирале трибјути „за живота" и генерално со години му го следеле ликот и делото, побаравме да напишат збор-два, или да ни дозволат да објавиме нивни постови на темата.

Вистинскиот лик зад „Џој"

Moтото на новиот филм на Дејвид О. Расел, со Џенифер Лоренс во главната улога, гласи: „Инспирирано од вистински приказни за храбри жени. Особено на една од нив".

Феноменот на детските хорови

Детски гласови сплотени во хармонија асоцираат на нешто божествено и трогателно, измамуваат насмевка и се одличен детокс по нервозно поминат ден. Истовремено, во гледањето војнички дисциплинирани дечиња во униформа знае да има и нешто вознемирувачко.