Десом го запознавме пред неколку години, преку неговиот „тајмлепс“ на сцени од Rear Window на Хичкок, односно спојувањето на делови од она што го гледа Џон Стујарт низ прозорецот од неговиот стан додека се обидува да реконструира убиство во комшии во една голема панорама.
Најновата креација му е уште по ц'цкана. Се вика „Холорама" и претставува рекреирање на некои од антологиските филмски сетови, од кугланата во „Биг Лебовски" до колибата во „Твин Пикс". И сето тоа во мали кутии во неговото студио, со помош на моделарот Оли Пеш. Овие минијатурни сценографии потоа се комплетираат со холограми од актерите од секоја сцена.
Во видеото подолу е објаснет целиот процес на работа (правењето на моделите, ротоскопирањето, работа со бор машини, па пак на компјутер), а прикажан е и финалниот производ, кој освен спомнатите сцени содржи и такви од Апокалипса сега, Џејсон и Аргонаутите и Е.Т.
Инспириран од „Оптичкиот театар" на Шарл-Емил Рено од 1892, Десом користи „едноставен (хм) холографски процес базиран на полу-транспарентен екран, на кој сликата на верно конструиран компјутерски модел се меша со ликовите од оригиналната сцена“. Што и да значи ова, еве како изгледа на крај: