Таг: русија украина војна

Руската економија воскресна

Моментално рубљата има повисока вредност отколку пред руската инвазија на Украина, а Русија во исто време успеа да ги подмири и плаќањата поврзани со обврзниците во странска валута, пишува Економист.

Украинците му кренаа споменик на Путин во Киев

Во центарот на Киев, на местото каде што порано имаше споменик на Ленин, вчера беше поставена скулптура која неодоливо потсетува на ликот на Путин со пиштол во уста. Автор на скулптурата е Дмитро Ив а неговата порака до „Путлер“ е „Застрелај се“.

Украина убива руски генерали со помош на американско разузнавање

Меѓу разузнавачките информации со кои САД ја преплавуваат украинската војска посебно место имаат дојавите за руските генерали. Украинските власти тврдат дека до сега убиле отприлика 12 руски генерали.

Западот вс. Остаток

Пред почетокот на војната Путин прави неколку големи грешки: ја преценува руската воена моќ, ја потценува украинската волја и погрешно смета дека Западот нема да се обедини против него. Исто така Путин погодува една работа: дека „Остатокот“ од светот нема да ја осуди Русија или да воведе санкции.

НАТО прв почна да се закача со Русија

„Лаењето на НАТО пред вратата на Русија“ можеби доведе до инвазијата на Украина, порачал папата Франциско кој искрено не е на чисто и околу тоа дали земјите низ светот треба да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

Како и сите други духови и „Духот на Киев“ не постои

Командата на украинската воена авијација призна дека пилотот што популарно се водеше како „Духот на Киев“ всушност е легенда измислена од украинскиот народ.

И Германија да се стави под санкции како Русија

Ако Германија одбива да престане со купување руски гас, тогаш и таа треба да се соочи со санкции, а секој во моментов што купува германски производи ја финансира војната на Путин, порачува британски Телеграф.

Во војната во Украина најнапнато е во Индија

Сегмент од новинска репортажа од студио на индиска телевизија за војната во Украина.

Русија заработува уште повеќе пари од нафта и гас по санкциите

Ветувањето на највисоките американски функционери е дека ќе продолжат да ја притискаат руската економија со санкции се додека таа не крахира, и тоа неспорно се случува. Проблемот е што крахот е неподносливо далеку, а може и да не се случи.

Што би рекле Кантераши - „кампер“

Не е сè отпад во купот со отпад.

Зошто Русите соблекуваат мажи бегалци?

Затоа што на нео-нацисти не им пишува ништо на чело, ама затоа им пишува по раце, грб и гради.

150 руски агенти отпуштени од ФСБ заради грешките во Украина

Во масовната чистка на Федералната служба за безбедност најлесно минаа тие што останаа само без работа, а најтешко, за сега, поминува нивниот шеф и раководител на одделот за Украина, Сергеј Беседа, кој заврши во затвор под управа на ФСБ во близина на Москва.

Како тоа Русија и понатаму победува?

Новинарот на американски Политико кој прави неделен извештај за светски теми, ги предупредува читателите дека победи не се освојуваат само на воено поле „со други зборови, можеш да победиш дури и кога си понижен на воено поле“.

Таблата од Катјoжанка

Катјoжанка е село во околина на Киев кое првично беше освоено од руската армија, за потоа повторно да им биде предадено на украинските сили по повлекувањето на Русите. На интернет се појави слика од пораката до украинските деца што руските војници ја испишале на една од таблите во училиштето во Катјoжанка.

Буџетот на Путин ќе преживее ЕУ ембарго за гас и нафта

Процената на Ројтерс е дека потенцијалната забрана од Европа за купување енергенси ќе биде тешка за Русија, но ни од далеку погубна.

Руската инвазија под ново раководство

Русија изврши две стратешки организациски промени во операцијата во Украина: прво целосната операција сега е под команда на јужната воена област, а јужната воена област е под команда на генералот Александер Дворников, кој претходно ја држеше Сирија.

Бутик на Шанел не им дава на Русинките да си ги носат ташните дома

Бутик од Дубаи бара од клиентките да не ги носат купените парчиња дома во Русија. Како одговор на ова, руските блогерки си ги сечат ташните на парчиња или си ги бараат парите назад.

Француски поглед на Буча

Пјер Конеса е поранешен заменик директор за стратешки работи на француското министерство за одбрана, а инаку автор на неколку книги за геостратегија. Тоа што пред некој ден Конеса го дебатира на француската телевизија се однесува на можноста за вадење на Путин пред судот во Хаг.

САД веќе не пребира какви разузнавачки информации ќе користи

На американските служби моментално им е поважно да бидат еден чекор пред Путин отколку да имаат квалитетни, цврсти и издржани разузнавачки информации, тврдат американски функционери.