Таг: русија украина војна

Украинското знаме од Буча стигна до Папата

За време на неделниот прием во Ватикан, Папата Франциско го отвори и го бакна украинското знаме испратено од неодамна ослободената Буча.

Зошто Бајден не може да го придобие Блискиот исток?

Една од работите што можеби и повеќе изненади од руската инвазија на Украина, е како децении благонаклоност и сервилност на Блискиот исток кон САД ги снема преку ноќ.

Западот е со Украина. Остатокот од светот, не баш

Долгогодишните врски на Африка и Азија со Русија и презирот што тие го имаат кон Вашингтон, ги држи на дистанца од конфликтот - барем за сега, пишува Колум Линч во текстот за Форин полиси.

Украина престана да регрутира странци волонтери

Иако борците им се неопходни, украинската војска одбива да ангажира западни волонтери кои од воено искуство имаат само волја и ништо повеќе, и да ги остави да гинат на војното поле „само за драматичен ефект“.

Пораз е што Путин не падна на блефот на НАТО

Моментот кога Путин не падна на блефот на НАТО и продолжи со инвазијата на Украина, е момент на поразот на Алијансата, порача британскиот генерал Ник Паркер, кој предложи нова и помала воена коалиција.

На украинската војска и снемува оружје

Западот не очекувал толку долга интензивна војна па затоа и со време не ја снабдил Украина со доволни количини оружје и муниција, пишува британски Тајмс.

Зошто Украина уште дозволува транзит на рускиот гас?

Месец дена војна, а рускиот гас минува низ украинска територија и гасоводи како во најдобри времиња. Блумберг се исчудува зошто Украина дури и под инвазија го дозволува ова. Разговараат со првиот човек на украинската нафтена компанија Нафтогаз.

Американскиот есап од украинската војна

Вредноста на 4 (од вкупно 25) американски производители на оружје последниве 6 месеци е зголемена за над 100 милијарди долари. За тоа, САД требаше да и донира на Украина 2 милијарди долари.

Кина трола, не прашува

За време на уште малку 1-месечната војна во Украина, Кинезите (што државни портпароли, што новинари и медиумски лица) не дозволија ни еден пенал наместен против САД да им остане нереализиран.

Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин

Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“. Исто така, нема поранешен агент на ЦИА.

Проблемот со наративот за заглавената руска офанзива

Дебатата дали руските сили имаат застој во својата операција или не многу повеќе се води за потребите на американската внатрешна дебата дали да се продолжи (или зголеми) со испраќање помош на Украина или не.

Кој остана во Русија?

Професор од Јеил води детален список на меѓународни компании и нивниот однос кон Русија по почетокот на војната. Иако стотици компании целосно или делумно излегоа од земјата, речиси 40-на глобални корпорации остануваат длабоко утврдени во земјата под санкции.

Таблица на нео-нацистички организации во Украина

Наводно таблицата е изработена за потребите на војските на ДНР и ЛНР за идентификување на нео-нацистите меѓу цивилите во Донбас и посебно во конвоите што го напуштаат Мариопул.

Британските платеници сами си ја издале позицијата пред да бидат ракетирани

12 до 14 телефонски броеви кои почнувале со +44 биле видливи за опрема за прислушкување пред Русите да ја гранатираат касарната со странски платеници во Јаворив, пишува Телеграф.

Кои се нашите позиции за Украина

Голем број Американци, разбирливо, се трудат да разберат која е позицијата на Кина околу кризата во Украина, па затоа сакам да ја искористам оваа можност за целосно да објаснам и да разрешам какви било недоразбирања или гласини, пишува кинескиот амбасадор во САД Ќин Ганг во колумната за Вашингтон пост.

САД добија поддршка од Кина против Русија

Поранешниот уредник на Глобал тајс смета дека САД никако не треба да се устручава во делење правда туку да удри по Русија и со авијација и со војска, а не само да аплаудираат како во театар.