„Деца, извинете на толкавиот неред, пробавме да го спасиме училиштето, но имаше гранатирање. Живејте во мир, внимавајте на себе и не ги повторувајте грешките на постарите. Украина и Русија се еден народ! Мир вам, браќа и сестри!
Имајте успех во учењето! Војната ќе заврши и вие ќе ја градите вашата држава. Бидете праведни и чесни еден со друг, подавајте рака за помош на секој на кого му е потребна. Се надевамe дека повторно ќе бидеме пријатели! Станете доктори, инженери, учители - тие што носат мир. Нека ве пази Бог, и уште еден пат простете ни за училиштето.
Русите.“
Сликата ја потврди и украинската народна правобранителка, Људмила Денисова, со следното дополнување:
„Во училиштето во селото Катјoжанка, во регионот на Киев, окупаторите го уништија училиштето, украдоа сè скапо од компјутерска опрема до мебел и оставија цинична порака до децата на кои им посакуваат убаво образованиe.
Во дворот на училиштето, рушистите (украинска кованица од зборовите ’Руси’ и ’фашисти’) ги закопаа децата што ги застрелале.“