Го обвинуваат бутикот за русофобија, а некој веќе и го има нацртано Хитлер на бутиците во Париз.
Блогерките се жалеле дека не сакаат да им продаваат; ако откриеле дека телефонскиот број на купувачот почнува со +7, нуделе алтернатива - да се потпише документ дека нема да ги увезеш купените парчиња во Русија и нема да ги носиш таму. И тоа - ова е бутик на Шанел, самиот бренд сè уште не коментира за дејствијата што ги презема бутикот.
По сето ова, актерката Марина Јермошкина започнува предизвик на социјални мрежи против Шанел: На Инстаграм објавува видео каде што демонстративно ја сече ташната (вредна 5900 долари) со големи ножици и тврди дека „ниедна ташна не е вредна колку татковината“, а дека „брендот подржува русофобија“.
Повикува да ѝ се придружат, притоа нагласувајќи дека не мора да да се уништува ништо, доволно е само да се искористи тагот #ChanelДавайДоСвидания.
Блогерката Олга Бузова го критикуваше Шанел, но не уништи ништо - побарала да ѝ се вратат парите.
„Екстремно сум вознемирена дека бренд со речиси еден век историја толку многу ја навредува мојата земја. Веќе не сакам да ги купувам вашите работи, бидејќи не сакате да ме гледате како клиент и не ми дозволувате да ве носам во мојата земја. А ако не ми го дозволувате тоа, се жалам до менаџментот - со барање да ми ги вратите парите за сè што сум купила. Сега немам желба да носам Шанел и не сакам да бидам поврзана со вашиот нацистички бренд.“
Бузова и другите што се бунат веројатно алудираат на погрешната страна што наводно ја има фатено Коко Шанел во Втората светска војна (пишувавме во „Коко Шанел и флертот со нацистите“).