Таг: ракометна лига на шампиони

Стоилов: Веспрем е фаворит, но ние одиме на победа

Ракометарите на Вардар трета година по ред се во обид да ја минат пречката наречена четвртфинале во ракомената Лига на шампиони и да им се придружат на Вардарки.

Вардарки одат кон трета среќа

Ракометарките на Вардар го добија најлесниот противник на ждрепката за Ф4 во Будимпешта. Историско финале во Лигата на шампионите ќе бркаат против ЦСМ Букурешт.

Црвено-црна фурија за 14+ против Ларвик

Ракометарките на Вардар со 34-20 буквално го сомлеа Ларвик и со една нога се пласираа на третиот по ред Фајнал Фор.

Сите голови на големиот борец Алем Тоскиќ

Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.

Вардар преку драма во четвртфиналето од Лигата на шампионите!

Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.

Раул Гонзалес: Спремни сме, ако треба Стоилов ќе игра и лев бек

Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.

Вардар до одличен резултат во Полска пред реваншот

Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.

Вардар спремен за осминафинале, падна и Монпеље

Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.

Важен триумф на Вардар за трето место на табелата

Во неизвесен и тесен натпревар, ракометарите на Вардар остварија победа на гостувањето против Пиг Сегед. Блескава партија на Милиќ и Македа.

Триумф на Вардарки за нов почеток во четвртфиналето

Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.

Вардар го победи Будуќност во сенка на навивачките нереди

Во претпоследното коло од главната фаза во ЛШ, а првпат после цели две години Вардарки во Скопје го победија европскиот првак 26-24.

Вардарки до важен триумф во Романија

Ракометарките на македонскиот шампион вечерва во Романија го совладаа тимот на Букурешт со 30:25 и го обезбедија третото место во главната фаза кое носи извесно полесен противник во четвртфиналето.

Вардар потклекна во финишот против Рајн Некар

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Германија против лидерот на Бундеслигата Рајн-Некар со 28:27 и првпат после четири меча против овој противник со спуштени глави го напуштија паркетот.

Вардарки во голем стил им се вратија на победите

Во добра форма ракометарките на Вардар после паузата во ЛШ фатија ритам и убедливо со 37:25 го совладаа шведскиот Савехоф.

Вардарки победнички ја отворија 2016-та

Во мошне тежок и неизвесен меч, ракометарките на Вардар според очекувањата го совладаа романскиот ЦСМ Букурешт во Скопје со 22:21 (11:11).

Металург со пораз ја отпоздрави Европа

Без Лино Червар, а со Јовиќ на клупата, ракометарите на Металург загубија од тимот на Елверум во Норвешка со 29:23 и на тој начин му овозможија на домашниот тим да ја оствари првата победа пред домашните навивачи.

Вардар им се врати на победите, Колдинг прегазен во Јане

Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја прекинаа серијата од три порази. Вечерва во Скопје со 34-24 го совладаа данскиот шампион Колдинг и заслужено ќе одат на паузата.

Вардар без пола екипа ќе брка второ место

Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.

Кјелце се одмазди за високиот пораз во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.

Вардар капитулираше во финишот против Барселона

Македонскиот ракометен шампион и покрај тоа што пружа храбра и борбена игра со која имаше водство на поголемиот дел од мечот, сепак не успеа до крај да се носи со европскиот првак кој славеше во Јане Сандански со 25:27. Судиите ни наштетија со неколку чудни одлуки.

Спектакуларна најава за Вардар - Барселона

Пет минутно уживање пред големото ракометно дерби меѓу Вардар и Барселона. Знамето е распослано на цел паркет, Комитите грмат, блицевите светат. Се чека уште победа на Вардар.

Рутинска победа на Вардарки против некогашниот гигант Хипо

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.

Зошто Вардар не можеше да ја победи Барса?

Затоа што домаќините го имаа Ваел Жалуз кој го одигра мечот на кариерата. Во секој напад на Каталонците кога Жалус ја завршуваше акцијата, топката завршуваше во гол. На крајот стигна до 12 голови, а успеа да погоди и од прекин каде шансите за погодок се секогаш минимални и ракометарите обично го погодуваат живиот ѕид.

Храбриот Вардар со крената глава се враќа од Барселона

Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.