Чеканите од Лондон во сезоната 1999/2000 во својот состав ги имаа Џо Кол, Мајкл Керик, Тревор Синклер, Рио Фердинанд, Франк Лампард, Пол Ванчоп, Фреди Кануте и нивниот лидер Паоло Ди Канио.
Еден од најдобрите англиски напаѓачи во последната деценија, Џермејн Дефо објави дека бара личен помошник кој ќе му го организира секојдневниот живот. Може да се пријави секој, а условите се познати.
Манчестер Јунајтед беше пред реализација на договорот со Педро Родригез кога Челси чукна на врата кај Шпанецот и им го украде на Ѓаволите буквално пред нос. Не им е прв пат вели историјата.
Најново засилување на Челси, Педро на својот прв меч во Премиер лигата постигна гол и имаше асистенција. Сините славеа против ВБА на гости со 2:3. Тери доби црвен, а Куртоа одбрани пенал.
„На времето бев пред потпис со фудбалер кој преку ноќ ми го украдоа преку телетекст. Па сега замислете колку е тешко денес да се сокрие понуда, договор, потпис“, вели некогашниот селектор на Англија и тренер на Тотенхем Хари Реднап.
Арсенал, Њукасл и Ватфорд првото коло во новата сезона од Премиер лигата го одиграа со по само еден Англичанец во прв тим. Од вкупно 220 фудбалери кои викендов беа стартери, 73-ца беа Англичани.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
Најскапата фудбалска лига во светот е магнет за пари. На нивните дресови се рекламираат 14 компании од 12 различни земји. Спонзорските договори на клубовите од Бундеслигата за најновата сезона се помали од оние на премиерлигашите за сезоната 2010/2011.
Откако направија реклама “боли глава“ за новата сезона, сега пак не потсетуваат за тоа што почнува на 8 август. Од петте најсилни лиги во Европа, Премиер лигата заедно со француското првенство први стартуваат со фудбал во новата сезона.
За Премиер лигата велат дека е најдобрата во светот затоа секој може да победи секого. Тв правата во новиот договор за периодот од 2016 до 2019 година изнесуваат рекордни 5,136 милијарди фунти, а Скај Спорт го ангажираше стручниот соработник Тјери Анри да учествува во врхунска реклама за фудбалскиот празник кој стартува на 8 август.
Преминот на Рахим Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити го сруши рекордот на трансфер пазарот во Англија. Парите ги оправдаа играчи како Руни и Фердинанд, а разочараа Керол и Лалана.
Сериозни обвинувања на сметка на Папис Сисе стигнаа директно од неговата сопруга од Сенегал, која тврди дека фудбалерот ја забременил кога имала 13 години по што решиле да се венчаат. На Сисе сега му се заканува затвор од 10 години.
Бастијан Швајнштајгер е нов играч на Манчестер Јунајтед, а на навивачите на Баерн Минхен тешко им падна заминувањето на човекот со кого во претходните 17 години освоија сè што можеше да се освои.
За време на подготвителниот дел за новата сезона која почнува на 8 август, 20-те англиски екипи од Премиер лигата ќе се распрскаат на сите четири корнери од земјината топка и ќе поминат вкупно околу 300.000 километри со авион.
Со отворањето на трансфер пазарот ова лето, клубовите кои ќе купуваат играчи ќе мора да бидат внимателни во изборот за да не им се повтори ланската година. Особено Манчестер Јунајтед кој се очекуваше да растура во напад со Ди Марија и позајмениот Фалкао.
Алексис Санчез го реши финалето со пеналот против Аргентина, а солидни настапи имаа и Маурисио Исла и Едуардо Варгас кои настапуваа во КПР како позајмени фудбалери од Јувентус и Наполи. Варгас е и најдобар стрелец со четири постигнати гола заедно со Гереро од Перу.
Во 1979-та година Ливерпул потпиша едногодишен договор со Хитачи вреден 50.000 фунти, а Манчестер Јунајтед минатата година договори спонзорство со Шевролет за неверојатни 47 милиони фунти.
Два и кусур месеци ќе бидеме без фудбал во најсилните 5 топ лиги во Европа, па време е за анализи и компарации. Во Германија сезонава во просек имало двојно повеќе публика на стадионите од Италија и Франција.
Од 1997 година од кога Ла Лига брои 20 клубови, ниту еднаш не се случило некоја екипа да опстане во првенството со 35 освоени бодови, како што се случи годинава. Во Италија и Франција мора да се соберат повеќе бодови за опстанок.