Натпреварите во стартните пет кола во Премиер лигата на лице место ги гледале 1.813,014 гледачи и со тоа биле исполнети 95,8% од местата. Најмалку празни седишта имало во прво коло (6.878), а најмногу во трето (19.051).
Паузата за квалификации воопшто не влијае кај навивачите, па така со најголема посетеност изминатиов викенд може да се пофалат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Норич и Вест Хем кои имале полни стадиони со над 99%.
Најполно било во Вест Хем кој го пречека Њукасл, каде имало само 109 празни седишта, потоа на дуелот Норич – Борнмут (226 празни седишта). Најголема бројка имало на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул (75.347), додека Топџиите ги следеле 59.963 навивачи.