Според истражувањата на sportingintelligence клубовите од Премиер лигата за новата сезона имаат склучено договори од вкупно 320 милиони евра, а тоа е двојно повеќе од пред шест сезони.
Најголемиот спонзорски договор за 2015/2016 го има направено Манчестер Јунајтед со Шевролет кој вреди 47 милиони фунти, а по нив е Челси кој на дресовите ќе го носи Јокохама за годишна заработка од 40 милиони фунти.
Премиер лигата е толку силна што спонзорските договори од сезоната 2010/2011 им се поголеми од сегашните на Бундеслигата кои изнесуваат 101 милиони фунти за новата сезона.
На островот на дресовите на прволигашите има 14 компании од 12 земји, како САД, Кина, Талјанд, Малта, а Ливерпул, Њукасл, Стоук, Норич и Саутемптон имаат спонзори од Велика Британија. Спонзорските договори за пет сезони во Премиер лигата рипнале за 121,9%.
Освен тоа што Манчестер Јунајтед има најбогат главен спонзорски договор, тие се број 1 и по цената за спонзорирање со техничкиот спонзор Адидас на сите времиња, која важи за наредните 10 години во висина од 70 милиони фунти годишно.