Таг: премиер лига

Зошто Лестер е со 6 букви, а Leicester со 9

Кога подвизите на Лестер станаа сè поневеројатни, во очи паѓаше амблемот/логото на клубот. Колку пати сте слушнале некој со двоумење да го чита: „Лечестер кец стај го“ или „Леичестер ќе тепа ли“?

Мамаду Сако паднал на допинг тест?

УЕФА соопшти дека одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако е под истрага поради тоа што паднал на анти-допинг тестови после мечот против Манчестер во Лига Европа.

Со оле’ тотално да го понижиш противникот

Навивачите на Ливерпул одамна не уживаа на едно дерби против Евертон како вчера. Со 4 прекрасни гола го испратија комшискиот состав, а во еден момент непрестано го диригираа славеничкото „оле“!

Епилогот на 3 случаи кога Раниери беше лидер

Во текот на кариерата, Раниери имал предност на табелата (не после коло или две, туку после минимум девет) во три наврати. Болна историја имаше во Италија, каде со Рома го загуби Скудетото на три кола пред крајот после поразот од Сампдорија дома.

Фудбалерот што испадна со две екипи во ист ден

Луис Кинсела, 21-годишниот англиски дефанзивец имал кошмарна сабота откако за неколку часа од лигата испаднале и двете екипи чијшто е член.

Сер Клаудио Раниери

На една од редовните средби, новинарите го прашаа италијанскиот стратег што мисли за титулата Сер, која што веќе ја имаат Фергусон и Боби Чарлтон.

Заслужи ли Лестер да има играч на сезоната во Премиер?

Џејми Варди, Ријад Марез и Н'Голо Канте се тројца од шестмината кандидати за најдобар играч на сезоната во англиската Премиер лига. Дали се и најблиску до вредната награда?

Роберт Де Ниро е нов тренер на Челси

И покрај најавите дека Антонио Конте го презел актуелниот шампион во Премиер лигата, сепак од Островот стигна друга информација. Де Ниро е нов шеф на стручниот штаб на Сините.

Најскапата фудбалска лига останува без главниот спонзор

Банката „Баркли“ нема да биде спонзор на Премиер лигата наредната сезона, пишува Блумберг.

Кога никој абер немаше за Лестер

Гари Линекер е најомилениот стручен коментатор на Премиер лигата. Неговите запазувања и досетки имаат преку илјадници споделувања на социјалните мрежи. Во меѓувреме излезе видео на кое Гари Линекер зборува со Клаудио Раниери после второто коло на стартот од сезоната и победата на Лестер против Вест Хем на гости и го прашува дали и натаму опстанокот им е главна цел како лани?

Карта за прослава на титула 18.000 евра?

На почеток на сезоната карта за домашните средби на Лестер изнесувала 495 фунти, а за последниот меч сезонава на Кинг Пауер стадионот цените на влезниците достигнуваат и до 15.000 фунти.

Секс, Вест Хем и Рокенрол

Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.

Тајната на слободните на Дмитри Паје

Ѕвездата на Вест Хем Јунајтед и Франција, Дмитри Паје игра чудесна сезона во која нема да чуди ако неговиот тим обезбеди настап во Лигата на шампионите следната 2016/2017.

Зошто Премиер лига се гуши во сопственото богатство?

Англиската Премиер лига е најдобра фудбалска лига на светот. Тоа го тврдат англиските навивачи, англиските новинари. Велат, на Островот се игра најдинамичниот и најдобриот фудбал.

Најфини спортски шеги за 1-ви април

Клубовите најчесто ги забавуваат навивачите преку социјалните мрежи, а омилен ден за работа им е 1-ви април кога секаква шега може да пројде, па дури и оние невкусните.

Гардероберот со незгоден карактер кој стана лидер на Вест Хем

Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?

Бекот на Фулам што одеше со велосипед на натпреварите

Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.

Кои се најверни играчи во Европа а кои не

Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?

Документарец за магичниот пат на Лестер

Сè што треба да знаеме за и околу клубот и градот кои се на прагот на најголемото изненадување во светот на фудбалот во последните неколку децении се наоѓа во 55-минутен документарец. Кој, зашто, каде, како и што е тајната на успехот? Одговорите лежат во видеото.

Кој управува со Лестер?

Тајланѓанецот чие презиме никогаш нема да го прочитате од прва има 58 години, е религиозен човек кој понекогаш со хеликоптер го напушта стадионот. Лестер го купил за 30 минути иако имал желба да пазари некој друг премиерлигаш од Лондон.

Најмладиот стрелец во дербито на Манчестер

Новата сензација во англискиот фудбал, тинејџерот Маркус Решфорд стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол на дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Со неговиот гол, Црвените ѓаволи поведоа 0:1 на Етихад. Решфорд е и првиот играч од Манчестер од 2010. година после Пол Сколс кој дал гол на ова градско дерби.

Јуве не избори место плус за Италија во ЛШ, ни Зенит за Русија

Во случај Бјанконерите да отидеа понатаму, италијанската Серија А ќе ѝ се приближеше на Премиер лигата во рангирањето на УЕФА и ќе можеше да смета на евентуално место плус во Лигата на шампионите.

Будистичките монаси кои навиваат за Лестер

Лестер и натаму љубоморно го чува врвот на Премиер лигата, а нивниот успех збунува многумина во светот на фудбалот, по што еден будистички монах открил една од состојките на фантастичните резултати.

Чарлтон погребан

Пред една деценија англискиот Чарлтон беше стандарден премиерлигаш, а во моментов со едната нога е испаднат во третата англиска лига откако заостанува 5 бода зад зоната која значи опстанок во Чемпионшип. Навивачите реагираа на состојбата.