Во сезоната 2009/2010 Рома тргна со Лучано Спалети, но после поразите од Џенова и Јувентус, клубот реши да го назначи Клаудио Раниери за нов тренер. Раниери дебитираше со победа 2:1 против Сиена.
Слеудваше шаренило од резултати, сè до триумфот против Болоња 2:1 кога Рома (со Вучиниќ, Рисе, Жулио Баптиста, Пизаро, Мексес, Хуан) ја започна серијата од 12 меча без пораз (ги победуваа Лацио во дербито, Јувентус, Торино, Фиорентина). Во 33. коло, Рома ја победи Аталанта е благодарение на ремито меѓу Фиорентина и Интер (со Пандев и Мурињо) ја запоседна првата позиција на пет кола пред крајот.
Неочекувано Рома загуби дома 1-2 од Сампдорија, ја прекина серијата од 24 меча без пораз и го загуби првото место на табелата од Интер.
И покрај тоа што славеше на следните три меча, Клаудио Раниери ја загуби титулата и заврши втор со само два бода зад шампионот Интер кој во таа сезона 2009/2010 ја освои Триплетата (ЛШ, Серија А и Копа Италија).
После 34. кола, на 4 рунди пред крајот Раниери беше прв со 71 бод. На крајот Интер стана шампион:
Лидерска позиција Италијанецот имаше и во француското првенство после 9 одиграни кола како тренер на Монако. Тимот од Кнежевството имаше 21 бод по 9 рунди, а на крајот од првенството ПСЖ ја освои титулата со 9 бода повеќе од Монако.
Од тој момент Раниери го следи репутацијата „вечно втор тренер". Италијанецот никогаш не бил шампион во елитните првенства, освојувајќи три втори места. Во моментов Клаудио Раниери со Лестер има 73 бода и е прв на табелата во Премиер лигата. Втор е Тотенхем со 68, пет помалку од Лестер.
До крајот Лисиците играат против: Свонси дома, Манчестер Јунајтед на гости, Еверон дома и Челси на гости. Тотенхем игра против Вест Бромвич дома, против Челси на гости, Саутемптон дома и Њукасл на гости.
Клупската кариера на Клаудио Раниери до Лестер:
1988/89 Каљари - 3. лига, 1 место
1989/90 Каљари - 2. лига, 3 место
1990/91 Каљари - 1. лига, 14 место
1991/92 Наполи - 1. лига, 4 место
1992/93 Наполи - 1. лига, 12 место
1993/94 Фиорентина - 2. лига, 1 место
1994/95 Фиорентина - 1. лига, 10 место
1995/96 Фиорентина - 1. лига, 4 место
1996/97 Фиорентина - 1. лига, 9 место
1997/98 Валенсија - 1. лига, 9 место
1998/99 Валенсија - 1. лига, 4 место
1999/00 Атлетико Мадрид - 1. лига, 17 место
2000/01 Челси - 1. лига, 6 место
2002/03 Челси - 1. лига, 4 место
2003/04 Челси - 1. лига, 2 место
2004/05 Валенсија 1. лига, 7 место
2006/07 Парма - 1. лига, 12 место
2007/08 Јувентус 1. лига, 3 место
2008/09 Јувентус 1. лига, 3 место
2009/10 Рома - 1. лига, 2 место
2010/11 Рома - 1. лига, 6 место
2011/12 Интер - 1. лига, 9 место
2012/13 Монако - 2. лига, 1 место
2013/14 Монако - 1. лига, 2 место