Ѕвездата на Челси, Немања Матиќ никогаш не ги заборавил своите другари од детството од селото Врело во Србија. При секое враќање дома, влегува во коперацијата и од продавачката бара да му ја даде тетратката со долгови за да ја плати цела.
Како омилен наставник кај кого учениците едвај чекаат да имаат час (во случајов тренинг), Клаудио Раниери воспостави другарски однос со фудбалерите на Лестер кој се сè поблизу до неверојатната историска титула во Премиер лига.
Нема агент, не користи социјални мрежи. 24 часа е опседнат со фудбалот и е спремен до последен момент да се бори за титулата во Премиер лигата каде заостанува само два бода зад лидерот. Маурицио Почетино.
Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.
На 17. декември лани Жозе Мурињо по вторпат во животот го напушти Челси, оставајќи го на 16-то место тимот кој само шест месеци претходно стана шампион во Премиер лигата.
Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.
Секогаш помал од другите, но подобар техничар кој во една вечер можел да испие колку сите соиграчи заедно. На теренот одлично крило, во дискотеките и клубовите кокаин и алкохол до раните зори. Незаборавниот Пол Мерсон.
На мечот Фулам - Астон Вила во 2003. година падна голот после кој требаше веднаш да се избере играч на годината, гол на годината, репрезентативец и сè по ред. Дами и господа: Џон Харли.
Вила е последна во Премиер, со 8 бода зад местото кое значи опстанок и веројатно се гледа крајот на нивниот долг живот во најдобрата лига. Копа90 открива што се случува со овој клуб и како навивачите се носат со тешката состојба?
Градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон одиграно во 1999. година ќе остане запаметено по неверојатната прослава на голот на Фаулер. Легендарниот шпиц тие денови беше обвинуван од навивачите на Евертон дека шмркал кокаин, го провоцираа за време на мечот, а кралот на КОП-от им возврати така што го прослави голот со симулација на шмркање кај гол-аут линијата. ФА го казни 4 меча.
Едни од други ги делат 8 километри или 20 минути со автобус, а на табелата имаат по 51 бод, два помалку од лидерот Лестер. Северен Лондон сега е во ситуација да ѝ се радува на титулата после многу години, ако двете екипи продолжат во овој стил.
Единствената светла точка во сивиот Јунајтед е малиот Џеси Лингард, играч кој даде гол на дербито против Челси викендов, а првите финти ги учеше од неговиот идол Кристијано Роналдо.
По вчерашниот убедлив триумф над најголемиот ривал за титулата и најскап тим во Премиер лигата, Лестер почна да ги предомислува и скептиците кои не веруваат во нивно освојување на титулата. Кои 11 играчи и тренер прават чудо сезонава?
Кога на 15 години останал без татко, Риад Марез сфатил дека единствен начин да успее во животот е напорно да работи и да тренира за да стане професионален фудбалер, воедно животна желба на неговиот татко Ахмед.
Двете екипи од Манчестер во летниот преоден рок беа најголеми трошаџии во Премиер лигата, а минатиот месец не дадоа ни банка за играчи. Нетипично за клубовите кои го делат најголемиот колач во светот за тв права, овој зимски преоден рок ги штедеа фунтите, а најмногу трошеа Њукасл и Ватфорд.
Како ретко кој, достоинствено се носеше со сознанието дека е поранешен и дека на негово место ќе дојде Пеп Гвардиола. Чилеанецот по сè изгледа ќе оди на Стемфорд Бриџ или на Висенте Калдерон.
Иако е најкраток, кога ќе видите што сè има од фудбал во февруари ќе ви се види како најсладок. Ни следува ударна доза на дерби средби во Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига и Серија А, а почнува и нокаут фазата од Лига на шампиони. Прекрасно.
Ако некогаш важеше за место на кое на противникот уште при доаѓањето со клупскиот автобус му се тресеа нозе, на стадионот на Манчестер Јунајтед денес владее театарска атмосфера во која комотно може да дремнете саат-два без некој да ве разбуди.
Сигурно некогаш сте се запрашале како би било сјајно оддеднаш да станете милионер, да живеете на Карибите и да станете сопственик на фудбалски тим. 58-годишен невработен Англичанец има многу да ви каже на таа тема.
Детево има само 19 години и неполни 6 месеци стаж во Премиер лигата, а од денеска станува кандидат со голчиште за најавните шпици. Го постигна фудбалерот на Тотенхем, Дели Али на гостувањето против Кристал Палас кое заврши 1:3.
Од раното детство до фудбалското усовршување, Томас се школувал во академијата на Баерн. Со 15 години бил лидер на јуниорските и младинските репрезентации на Германија, но потоа не му цветаа ружи кај Баварците.