Два дена после отказот, Мурињо отпатува на југот од Англија каде го гледаше мечот Брајтон - Мидлзборо. Гостите, предводени од добриот пријател и поранешен помошник на Мурињо во Реал Мадрид, Аитор Каранка славеа 0:3 а Шпанецот изјави дека Португалецот им донел среќа.
Претставниците на Мурињо во меѓувреме соопштија дека Специјалниот нема да присуствува на големите натпревари за да не предизвика шпекулации за неговото ново работно место.
На 20. декември излегол да прошета низ Лондон каде го застанувале случајни минувачи и се сликале со него.
Во средината на јануари Мурињо отпатува во Шангај, Кина, каде одржал предавања и конференции за стратегиско работење во фудбалот.
На 1. февруари во Лондон, Жозе Мурињо ја поддржа кандидатурата на Џани Инфантино за претседател на ФИФА. Мурињо присуствуваше на предизборната програма на Швајцарецот.
Мурињо, Инфантино и уште еден невработен тренер.
И Роберто Карлос
Речиси секој ден го опкружуваат новинари, но до денес не им кажал ниту збор за новата работа.
Пред некоја недела, Мурињо беше во Берлин каде ја гледаше средбата Херта - Дортмунд, на повик на спортскиот директор на Борусија Ханс-Јоаким Вацке. Голови немаше, но Мурињо се видел со Саломон Калу кого го тренираше во Челси.
Следно патување во програмата му беше Милано. На повик на неговиот поранешен газда Масимо Морати, Португалецот на 20. февруари го гледаше мечот Интер - Сампдорија (3:1). Таму се сретна со Роналдо кој беше во посета на Меаца.
Заедничка фотографија со сопственикот на Интер, Ерик Тохир и со Роналдо. Желбата да присуствува на поголеми натпревари ја остави во минатото. Изјави дека додека Манчини е тренер Интер не треба да се грижи.
Со Хавиер Занети
Навивачите на Интер не заборавија што сè им донесе Мурињо и тоа во една сезона. (За секој ден, за секој момент, за секој миг, фала ти засекогаш Жозе).
На 24. февруари Мурињо избегна да зборува за Манчестер Јунајтед со кого го поврзуваат, отпатува во Сингапур каде планирал да остане некое време.