Ако се занимаваме со рангирањето на приоритетите во животот на Тино Асприља, тогаш фудбалот би завршил некаде на петтото место - зад жените, ноќниот живот, коњските трки и оружјето.
На пријателската меѓу Њукасл У21 и Јонг Ајакс, Словенецот Харис Вучкиќ покажа како изгледа кога полнолетни фудбалери на терен паѓаат како деца во парк.
Сериозни обвинувања на сметка на Папис Сисе стигнаа директно од неговата сопруга од Сенегал, која тврди дека фудбалерот ја забременил кога имала 13 години по што решиле да се венчаат. На Сисе сега му се заканува затвор од 10 години.
Некогашниот најголем талент на францускиот фудбал и потенцијален наследник на Франк Рибери остана без клуб, откако ФИФА не го одобри неговиот трансфер во Ница.
Повремениот италијански репрезентативен бек замина од Италија во 2001. година, кога изјави дека во земјата би се вратил само за да игра во Милан. Манчини сега му дава втора шанса, но навивачите не го сакаат.
Во само неколку часа на 31. јануари 2011 година, Челси и Ливерпул направија серија трансфери кои станаа највредни во историјата на англискиот фудбал. Сините ги купија Торес и Давид Луиз, а црвените Суарез и Енди Керол.
Додека навивачите на Ливерпул го слават младиот Лазар Марковиќ, на Олд Трафорд уште се прашуваат дали Ван Гал е правиот човек за жешката клупа на Јунајтед.
Азискиот куп започнува утре, а оној на Црниот континент стартува на 17. јануари, по што многу англиски клубови ќе останат без клучните играчи во своите состави пред одлучувачките натпревари во сезоната.
Во пресрет на неделното Tyne-Wear дерби меѓу омразените ривали Њукасл и Сандерленд, домашниот состав се соочува со проблеми околу составот кој ќе го почне дуелот. Алан Ширер е горд на одлуката на неговиот Њукасл кој нема друг избор за првиот состав, освен да ги пушти децата.
Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.
Во големата контроверзна авионска трагедија со „Малезија ерлајнс“ во која загинаа 298 патници имаше и двајца навивачи на премиерлигашот Њукасл. Додека клубот тагува за жртвите, нивните најголеми ривали не престануваат да донираат пари за нивните семејства.
Ова момче не било ниту родено кога Марадона го постигна најславниот гол со рака на Мундијалот во Мексико 1986 година, но успеа да направи речиси идентичен фалсификат погодок како да го вежбал. Мечот помеѓу Њукасл и Челси е во рамките на англискиот ФА куп за играчи до 18 години.
Спортскиот директор на Њукасл, Џо Кинер дава максимум од себе за да стане најомразената личност во фудбалот. Тој заслужено го доби нашето признание за офсајд лик откако сакал да купи играч кој веќе е член на Њукасл.
Контроверзниот Џо Кинер кој од ова лето ја врши функцијата спортски директор во клубот од „Сент Џејмс Парк" дефинитивно е најнепосакуваната личност во Њукасл. Продаде 10 играчи, донесе само едно засилување и тоа на позајмица, а еден од играчите мислеше дека се презива Кебап.
Кога во 1992 година се оформи Премиер лигата, единствен фудбалер кој и припаѓаше на исламската вера беше Наим кој настапуваше за Тотенхем. Во моментов таа бројка изнесува 40, а нивното влијание е доста значително во клубовите каде што настапуваат.
Лигата на Европа вечерва ќе ги добие четирите екипи кои ќе ги оформат полуфиналените двојки. Со солидна преднот од првите дуели влегуваат три екипи, додека во Швајцарија се очекува да се одигра најинтересната и најнеизвесната битка по оние 2:2 во Лондон.