Таг: њукасл

Тејлор успешно го истрола Беговиќ

Јоан Кабај од Њукасл и онака има опасен шут, па ако си голман кога тој треба да изведе слободен удар од работ на шеснаесетникот, последно нешто што ти треба е некој да ти се глупира пред тебе. Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ се обиде да го игнорира Стивен Тејлор, но не успеа.

Голчиштето на Кабај

Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.

Перч си најде 5 фунти на терен

Освен што заработуваат милиони од своите клубови, фудбалерите почнаа да си наоѓаат пари и на терен. Џејмс Перч од Њукасл за време на натпреварот против Евертон на теренот најде 5 фунти и реши да им ги подари на навивачите, но тие немаа преголема желба да ги примат.

Муслиманите од Њукасл имаат проблем со новиот спонзор

Членовите на Њукасл со муслиманска вероисповед добија предупредување дека не смеат да ги носат дресовите на кои ќе го има логото на новиот спонзор Вонга.

Новата униформа на Њукасл

Знаеме дека Англичаните не штедат пари и купуваат секакви облеки, сувенири и реквизити со боите на омилениот клуб, но Њукасл малку претера. Кој ли би купил вакво нешто?

Сисе против законите на физиката

Законите на физиката не важат за Папис Демба Сисе. Тој ги поставува законите при постигнување на головите.