Таг: некролог

Марго Кидер, или тажната приказна за девојката на Супермен

Откако станала ѕвезда по премиерата на првиот дел на Супермен во 1979, Кидер се обидувала да заигра во филм во кој ќе доминира. Иако имала некои забележителни помали настапи и добри критики, постојано ја барала таа, едната Голема улога. Почина на 69 години без да ја најде.

Како Стивен Хокинг се вгради во популарната култура

Еден од најславните физичари на светот, Хокинг почина на ден кој му доликува - на 14 март, роденденот на Ајнштајн, а според американската нотација на календарот 3/14, и денот на Пи. Имаше 76 години и, и покрај хендикепот, богата кариера, која не беше само научна.

Почина Урсула Ле Гвин, дамата на научната фантастика

Жената која низ своите научно-фантастични и фантастични дела внесе филозофска длабочина и феминистички сензибилитет во овие жанрови, главно доминирани од мажи, почина мирно во својот дом во Портланд на 88 години.

Приказната за „францускиот Елвис“

Рок ѕвездата Џони Халидеј (или Алидè, како што се изговара на француски), кој почина на возраст од 74 години од рак на бели дробови, е најуспешниот музичар во историјата на Франција. И покрај феноменалниот успех во својата земја, малкумина го знаеа вон неа.

Како Хју Хефнер стана американска поп икона?

За конзервативците беше расипувач на смерната американска младина. За феминистките беше шовинист. За многумина беше борец за човекови права, особено за сексуалните. Хју Хефнер се одјави на 91, задоволен од постигнатото. 

Замина Сем Шепард

Славниот драматург и актер почина во неговиот дом во Кентаки на 73 години од последици на болеста Лу Геринг, вид склероза.

Збогум Роберт Пирсиг

Освен ако не се „суви“ фактографски прегледи на животот на славните починати, некролозите за нив се секогаш во врска со нас самите. Овој е сигурно таков.

Почина авторот на „Анархистичкиот готвач“

Вчера (30.03) се прошири веста дека починал Вилијам Пауел, авторот на „лектирата“ на куп анархисти, бомбаши, убијци и терористи. Замина на 66-годишна возраст, без да му се оствари желбата - неговата книга да престане да се издава. За неговата смрт всушност се дозна шест месеци откако се случила, од одјавната шпица на нов документарец за неговиот живот под наслов „Американски анархист“.

Човекот што од хотел направи митско место

Во хотелот Челси свои дела напишале Боб Дилан, Коен, Џек Керуак, Вилијам Бероуз. Имало и помалку познати уметници кои со години живееле тука како потстанари под „спонзорство“ на хотелскиот менаџер. Тој деновиве почина, на 82 години, носејќи ги со себе и бројните приказни кои се граничат со митови. 

Кога Дарио Фо доби „незаслужен“ Нобел

Вчера, 13.10, додека очите на сите беа свртени кон Стокхолм и кон овогодишниот добитник на Нобеловата, на 90 години почина писател и актер кој истата ја доби во 1997. И тогаш, како и сега за Дилан, многумина рекоа дека тој не ја заслужува. Во неговиот случај затоа што бил - сатиричар.

Почина ѕвездата во светот на архитектурата Заха Хадид

Светски познатата архитектка со иранско потекло, со титула „Дама“ од британската кралица, почина на 65 години од инфаркт.

Кајганата на Умберто Еко

Пред да почине вчера, 19 февруари, на 84 години, Еко веројатно знаел како ќе го портретираат светските медиуми, кои за ликови од негов калибар однапред пишуваат посмртници и ги чуваат во фолдер „не објавувај" до моментот кога ќе затребаат.

Сите лица на Алан Рикман

И пак од рак, и пак на 69 години - уште еден голем Британец го напушти овој свет. Стинг деновиве е забележан како поагилно вежба тоа јогата, Брајан Фери почесто се загледува во огледало, а и на Стивен Фрај нешто не му е баш најарно. Само Кит Ричардс не покажува знаци на тревога.

Почина неврологот кој пишуваше како поет

Во февруари оваа година Сакс соопшти дека има рак, и дека е „лице во лице со умирањето". Докторот кој не само што лечеше, туку и прекрасно пишуваше за необичните случаи кои ги третирал, според неговиот публицист, имал добра смрт, како што имал и добар живот.

Почина Е. Л. Доктороу, омилениот писател на Обама

„Били Батгејт“ и „Регтајм“ се само некои од славните романи на овој автор-хроничар на американското минато. Антологиска е и неговата изјава, дека „пишувањето е општествено прифатлива форма на шизофренија“.

Најкраткиот некролог

Деновиве наидовме на веројатно најконцизниот некролог на сите времиња, на извесен Даглас Леглер од Северна Дакота, кој по негова сопствена желба гласи: „Даг умре". Ама и помеѓу писателите, кои по дефиниција се речити, има еден кој посакувал сличен.

Што е поважно - вашата работна биографија или некрологот?

Сè почна од еден твит: „Жал ми е што нема да го слушнам мојот посмртен говор. Тоа ќе биде сè што сум требала да бидам.“ Следеше линк до говор на ТЕД, кој зборува за јазот помеѓу два аспекта на нашите личности - онаа која живее за добро си-ви, и онаа која живее за добар некролог. Што би одбрале вие?

На 87. години почина Габриел Гарсија Маркес

Нобеловецот, автор на „Сто години самотија", почина денес, 17.04 во неговиот дом во Мексико сити. 

Едреникот со кој отплови Лу

По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.

Вештината на пишување некролози

Текстовите посветени на познати или помалку познати личности напишани непосредно по нивната смрт не се само нивни биографии. Тие се дел од колективната меморија, поучни морални приказни за тоа како треба да се живее за да се биде запамтен како „заслужен". Како би требало тогаш да се пишуваат, и каков е случајот кај нас?

Почина Рави Шанкар

Роден во древниот индиски град Варанаси, Рави Шанкар најпрвин бил танчар во трупата на брат му, со која го пропатувал светот. Но на 18 години одлучил да се врати дома и да се посвети на учењето ситар.

Диоген во буре редбул

Во зграда во Сараево осамнал исчкртан некролог, на кој на сликата на покојникот некој вежбал цртање. Националната припадност, и на живиот и на мртвиот, и не се толку важни. 

Почина Ерик Хобсбаум

Еден од водечките историчари на 20. век, Хобсбаум е најпознат по четиритомната историја на 19. и 20. век - Доба на револуции, Доба на капиталот, Доба на империјата и Доба на крајности - која покрива период од Француската еволуција до падот на СССР.