Мет Елијасон кој направи потег како Пеле, како и Коди Стенли кој тргнал со другарите на пиво, ја имаа таа среќа како аматери да заиграат со Лионел Меси на пријателски натпревар. На истиот меч немаа среќа 80 ВИП гледачи кои практично беа измамени од страна на најдобриот фудбалер во светот.
И за време на летниот период кога паузира фудбалот во Серија А, навивачите на Лацио си наоѓаат активности за да не им биде досадно. Откако минатиот месец „ја погребаа" Рома, сега ги тролаа ривалите со порака од авион.
Според истражувањето на шпанскиот весник AS, најантипатичен тим за Шпанците и натаму е Реал Мадрид, а нивниот ривал Барселона води според популарноста.
Француската лига му изрече казна со одземање на 2 поени на новиот прволигаш Монако заради тоа што нивните навивачи претарале со прославата при освојувањето на втората лига.
Кој дрес ќе го носи наредната сезона Кавани е топ тема во медиумите, а откако самиот фудбалер изјави дека сонува да заигра за Реал Мадрид, навивачите на Наполи се налутија и му порачаа да си замине.
Кога Македонија губи од Андора и ги потценува аматерите ќе разбереме, но вчерашната реакција на дел од навивачите на Мајами Хит кои немаа 20 поени негатива на 2 минути до крајот, туку само 5 коша помалку од Спарси на 30 секунди до финишот не е никако за оправдување. Момците се изборија за мајсторка, а на некои изгледа му беше поважен Мекдоналдс.
На навивачите на Тотенхем веќе им здодеа нивниот миленик да биде топ тема во овој летен преоден рок. Медиумите се изнапишуваа за неговиот евентуален транфер во Реал Мадрид, па потоа Зидан изјави дека неговата вредност е 100 милиони евра, а последната вест е дека тие пари е подготвен да ги потроши за него и ПСЖ.
Втор прекинат натпревар во Аргентина за само три дена. Дуелот помеѓу Естудијантес и Ланус траеше само едно полувреме откако во нередите помеѓу навивачите и полицијата, загина еден гостински навивач, а друг бил сериозно повреден.
Израелците се покажуваат како доста снаодливи и пред се современи домаќини на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година. Со силна медиумска кампања и промоција на првенството преку социјалните мрежи, успеаа да ги наполнат стадионите.
Шест навивачи на италијанскиот нисколигаш Про Патрија добија затворски казни за расистичките навреди на фудбалерите на Милан на пријателскиот натпревар во јануари.
На крајот од сезоната во украинското првенство, екипата на Карпати се најде веднаш зад зоната за испаѓање, па незадоволните навивачи го искажаа своето незадоволство на оригинален начин.
На 29 мај во 1985-та година на стадионот „Хејсел" во Брисел загинаа 39 навивачи пред одигрувањето на финалето од Купот на европските шампиони помеѓу Јувентус и Ливерпул.
Вообичаено е навивачите да бараат победи од фудбалерите на клубот за кој навиваат, но аргентинси навивачи им наредија на своите играчи да загубат за нивниот ривал да испадне од лига.
Немили сцени на натпревар од украинската втора лига помеѓу Полтава и Олександриа. Полициските сили не успеаа да ги раздвојат навивачките групи и ситуацијата излезе од контрола.
Завршницата на 21-то издание од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија помеѓу тетовските ривали траеше само половина час откако на два пати беше прекинато заради испадите на навивачите.
Навивачите на Манчестер Сити очигледно дека не можат да се помират со одлуката на раководството на клубот, кое по поразот од Виган во финалето од ФА Купот минатата недела, одлучи да се збогува со Роберто Манчини.
Навивачите на Тотенхем во последното коло од Премиер лигата чекаа Арсенал да киксне на гостувањето против Њукасл, а нивниот тим со победа да обезбеди место во Лигата на шампионите. Но Лорен Кошчелни им ја расипа радоста, а тие попусто се радуваа и не разбраа кој всушност дал гол.
Некои навивачи за време на натпреварите користат пиротехника, знамиња, тапани, мегафон... а некои ксилофон. Да, точно, КСИЛОФОН и тоа концертен ксилофон во оригинална големина.
По заминувањето на Дејвид Мојс кој за 11 години престој во Евертон одлично го водеше клубот и не дозволувше да падне во долниот дел од табелата, сега навивачите имаат и други маки. Евертон е на продажба, а тие бараат нов газда да биде поранешната ѕвезда на Битлси.
На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.