Навивачите на Сити со разни пароли му се заблагодаруваа на италијанскиот стратег за неговиот удел во овие 3 сезони, особено поради освојувањето на шампионската титула која недостасуваше во клубот 44 години.
Но нивната благодарност сакаат да ја продолжат и на малку пооргинален начин, односно преку весник. Идејата е на еден од најголемите фанови на „Граѓаните", Адам Киворт кој предложи да откупат страница во најпознатиот италијански дневен весник „Газета дело спорт".
Навивачите сакаат да ја испишат кратката, но успешна три годишна историја на Роберто Манчини кој освен што го врати шампионскиот сјај, го освои ФА Купот, како и Супер Купот на Англија. Во иницијативата може да се приклучи секој навивач на Сити без разлика од каде доаѓа.
Со ова фановите на Манчестер Сити сакаат и да му возвратат на нивниот омилен тренер кој прв им се заблагодари на ваков начин. Тој откупи страница во „Manchester Evening News" и ги погоди во срце навивачите со пораките: „Три незаборавни години" и „Ќе останете секогаш во моето срце".