Таг: македонска фудбалска репрезентација

Слалом на Мицевски, гол на Христов, пораз на Бугарија со Стоичков

Исто како Словенија, така и Бугарија до сега ни била противник само на пријателска база. Но со нив имаме полош меѓусебен скор од две победи, три порази и едно реми. Едната победа е многу слатка бидејќи е остварена против четвртата селекција во светот од Мундијалот во САД 1994.

Бугарските медиуми: Македонците тренираат со пушки, нè мислат слабаци

Откако фудбалската федерација и некои медиуми објавија фотографии на кои се гледа како нашите репрезентативци играат пејнтбол во парк и се опуштаат пред утрешниот дуел, дел од бугарските медиуми излегоа со наслови дека сме ги потценувале.

Пораз на Македонија во Копер

Македонската фудбалска репрезентација ја прекина традицијата од три победи на досегашните три пријателски средби со Словенија откако вечерва беше совладана со минимални 1:0. Со Пандев подобро играме.

Волејот на Чоко на асистенција на Цапар

За пријателски сме цареви, ако може така да се каже бидејќи само таму имаме едвај позитивен скор од 33 победи, 32 порази и 28 нерешени, а сега ќе се потсетиме на еден врхунски хајлатс од 54 секунди кој е стар точно 22 години.

Македонија на цел дрес да е

Македонија vs Грција. Локација: Мелбурн. Дресови: Најмакедонски што може. Одиме со химната јер добро е да се билда победничка атмсофера пред вечерашниот дуел со Словенија од каде и почна да се испишува историјата на нашата репрезентација која тргна со победа 1:4. Стрелци: Бошковски, Панчев, Најдоски, Јаневски.

Кам бек на Пандев, Јаховиќ, Алими и Богатинов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за престојните два пријателски средби против Словенија и Бугарија.

Ваков селектор за македонските фудбалери

Рикардо Тука Ферети е Бразилец кој речиси целата играчка и тренерска кариера ја минал во Мексико. Во моментов е тренер на Тигрес УАНЛ, тим чиишто играчи не смеат да зуцнат.

Панчев, Шаќири и легендите се собраа за промени

Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.

Сè е исто како минатиот месец

Излезе најновата ранг листа на ФИФА за месец март. Македонија останува 138 фудбалска земја во светот.

Македонија на Светско дури во 2026 година

Ако ова се оствари тогаш да потпишеме со две раце. А? Што викате? Со оглед на тоа чекаме веќе 25 години, ќе почекаме уште 10 бидејќи има голема веројатност Мундијалот да се прошири од 32 на 40 земји учеснички.

Македонија не се помести на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138-та позиција на ранг листата на ФИФА.

Од Лига на шампиони сега ќе играм во четврта лига

Фудбалерот кој ја доби најголемата казна за користење допинг во историјата на ФИФА, првпат после шокот отворено призна дека размислувал да ја прекине кариерата.

Да му дадеме македонски пасош на Бразилецов

Кога веќе возот тргна надолу годинава, а претходно имавме срамна 2015-та во која ги одигравме најслабите квалификации и го достигнавме најлошото 139-то место на ранг листата на ФИФА, да почнеме да увезуваме странци.

Нов фудбалски пад за Македонија во 2016-та

Македонската фудбалска репрезентација новата година ја почнува како 138-та фудбалска земја во светот. Подобри од нас на ранг листата се Хонг Конг, Куба, Филипини, Намибија, Свазиленд...

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

Македонците растурија викендов

Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.

Карас е најново засилување во македонска репрезентација

За физичката подготвеност на македонските фудбалери од сега ќе се грижи Иван Јовановски – Карас, кој е назначен за нов кондиционен тренер. 

Најслабата година за македонската фудбалска репрезентација

Според денешното последно рангирање на ФИФА за оваа година, нашите дрва завршуваат како 136-та фудбалска земја во светот за 2015 година. 

Драстична казна од УЕФА за Адеми

Фудбалерот на Динамо Загреб и македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми е суспендиран на 4 години од УЕФА, поради користење допинг.

Бомбата на Захариевски против Малта

Во период кога губиме од Либан и сме мизерија на 139-та место во светот, останува само да се навраќаме на нешто поубавите времиња за нашиот фудбал. На денешен ден пред 17 години: Квалификации за ЕП 2000, Малта - Македонија 1:2. Селектор Ѓоко Хаџиевски, стрелци Игор Саша Николовски и Срѓан Захариевски.

Савона е поинтересна од македонската репрезентација

Овој клуб игра во третата италијанска лига и моментално се наоѓа на последно место, но таму е многу многу повозбудливо да си на стадион.

Сè е по старо, свирежи на Филип Втори

По еуфоричните 4:1 против Црна Гора, селекцијата на Либан ги спушти нашите репрезентативци на земја кои се посрамотија со арапската земја, која претходно немаше триумф против европска селекција 20 години.

Како Пандев го збриша Катар

Со Арапските земји не ни оди баш, имаме само две победи на девет меча, едната против Иран 2:1, а со ист резултат го победивме и Катар. Мечот се играше на Филип Втори во 2009 година, во ист термин во кој играме денеска против Либан, 13 часот.

Гол сторијата на Македонија против Црна Гора

Откако синоќа скоро никој не отиде на стадион, а немаше ниту телевизиски пренос, сите копаа по интернет да ја видат неочекуваната голеада на Македонската фудбалска репрезентација која по нешто повеќе од една година конечни победи.