Африканската фудбалска конфедерација ги казни Нигеријците со 6.800 долари поради пропуст во организацијата. За тоа колку било незгодно да се игра зборува и изјавата на Мохамед Салах, фудбалерот на Рома после мечот. Салах имаше шанса во 91-та минута да даде гол од контра кога излезе сам напред, но судијата свиреше крај.
„Фала му на Бога што судијата свирна крај, ако дадев гол за 1-2 којзнае што ќе се случеше и дали ќе излезевме од таму“.