По разочарувачките 45 минути против Црвената Фурија, Ангеловски во вториот дел му даде можност на едно дете кое влезе во игра на 17 години, не загуби дуел, а првиот му беше против Иниеста на кој му ја украде топката дрско и без респект.
Ако некој дуел од шесте вкупно кои досега сме ги одиграле против Шпанците не е за заборавање, тоа е оној пријателскиот кој се одигра на 12 август 2009-та. По повод половина век фудбал во Македонија, Црвената фурија ни гостуваше на Градски и се изнамачи да нè победи.
11-ти и 17-ти јуни се два важни датуми за македонскиот фудбал. Прво сениорската фудбалска репрезентација на Филип Втори ја пречечува велесилата Шпанија во квалификациите за СП 2018, а шест дена подоцна јунаците на Боби Милевски ќе дебитираат на Европското во Полска и тоа против истата земја. Напред момци.
Во сета оваа ракометна треска се појавија и двајца дунстери на кои спортот по се изгледа им е мистерија. Тие што не пратат спорт, обично велат ја појма немам од спорт, ама па не се решиле ниту да го постават најпростото прашање. Во кој спорт се натпреварува Рк Вардар?
Македонската фудбалска репрезентација заслужува честитки за играта на пријателската средба со Турција во Скопје. Тимот на Мрме целосно ја надигра селекцијата која 111 позиции е подобра од нас на ФИФА, но за жал не видовме голови на толку шанси.
Некогашниот македонски репрезентативец којшто се прослави со игрите за Спартак Москва во Лигата на шампионите денес е фудбалски фриленсер, слободен работник кој на Спартак Москва за во Лигата на шампионите ѝ нуди талентиран фудбалер од Вардар.
Којзнае што ќе се случеше ако нашиот напаѓач лани не постигна гол во 89’ минута од мечот Спартак Москва - АЕК Ларнака на новата „Откритие Арена“ во Москва и не го потпишеше отказот на Димитри Аленичев после кој во клубот дојде некогашен тренер на Јувентус.
Светската куќа на фудбалот ја објави најновата ранг листа и по долго долго време конечно можеме да се израдуваме ако не на позицијата, барем на напредокот.
Со 16 години и 8 месеци Дарко Чурлинов од младинскиот погон на Келн не само што стана најмладиот фудбалер кој заиграл за сениорите на Македонија, туку можеше и да постигне гол уште при првиот контакт со топката на 8 минути до крајот на средбата против Белорусија.
Дека 166-та позиција на ранг листата на ФИФА апсолутно не ја заслужуваме, нашите фудбалери покажаа два пати во рок од пет дена. Белорусија е стотина места над нас на рангот, но вечерва беше целосно надиграна од капитенот Пандев и другарите кои одиграа со срце.
Праксата на новиот селектор Игор Ангелосвки да им дава шанса на младите фудбалери ќе продолжи и на пријателската против Белорусија која утре се игра од 18 часот во Скопје.
Македонската фудбалска репрезентација по цели шест години оствари победа на гостински терен. Вечерва во Вадуз, „црвено-жолтите“ го добија Лихтенштајн 0:3 (0:1) и ги освоија првите три бода во групата Г.
Фудбалерите на Андора синоќа ја прекинаа серијата од 86 меча и дури 4.515 дена (12 години и 4 месеци) без победа и славеа абнормално еуфорично. Не е на одмет да потсетиме дека последен пат ја победија Македонија со 1:0 во 2004-та.
Во јуни минатата година пишувавме дека Курасао се наоѓа на 134-та позиција на ранг листата на ФИФА, а Македонија на 139-та. Сега ние сме на 165-то место, а островот од Карипското море со 150.000 жители е 73-ти или повеќе од двојно погоре од нас. Срамотилаци.
Прилепчанецот има сериозна намера да стане прв стрелец на екипата во Серија А, но вели дека тоа би било џабе ако клубот од Сицилија не се спаси од испаѓање во втора лига за што ќе треба пеколна борба.
Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ отворено изјави дека не се сложува со тренерот Миодраг Божовиќ во врска со најталентираниот македонски фудбалер и дека му понудил на Давид да оди на позајмица па да се врати на Маракана.
Дали човек да се смее, дали да плаче? Еден Свазиленд за кој требаат надчовечки напори да се најде на карта е далеку пред нас на фудбалската ранг листа на ФИФА.
Во 1994-та почнавме како 90-ти, 2016-та ја завршуваме 162-ри. Оваа година не може во никој случај да се смета за успешна фудбалска година бидејќи го победивме само Азербејџан.
Македонската фудбалска репрезентација не се помести ниту едно место на најновата ранг листа на ФИФА и 2016-та ја завршува со најлошиот остварен пласман во историјата.
За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.