Таг: ливерпул

Салах пости за Рамазан и нема да јаде 18 часа пред финалето со Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Египќанецот Мохамед Салах го чека тежок ден и уште потешка вечер.

Копачките на Салах во музејот на Британија како симбол на Египет

Британскиот музеј ги прикажува копачките adidas на Салах со кој Египќанецот сезонава одигра невозможно и ги освои сите награди во англискиот фудбал.

На Салах му требаат вреќи за да ги прибере сите награди

Кога играч во една сезона ќе добие 34 признанија и награди, тоа значи дека е апсолутно најдобар.

Хотелиерите во Киев за Лига на шампиони бетер од скопските

Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.

И УЕФА веќе не знае кај тера

Тераат инает со ВАР, а сезонава судиите пепел направија од судењето и не ги признаваат за пенали ракометните зафати на играчите на Реал, Рома и Марсеј три дена по ред во полуфинале. Сега па и на својот сајт се посрамотија пред цел свет. 

Во 2012 пишал „Животов е срање, ми треба работа“, сега ќе игра финале на ЛШ

Меѓу подобрите фудбалери на Ливерпул во полуфиналето против Рома синоќа беше младиот непознат Ендрју Робертсон од Шкотска кој имал необичен фудбалски пат.

Трагедијата на финалето од ЛШ и 6-годишната казна за Ливерпул

На финалето од ЛШ во 1985-та се случи една од најголемите трагедии во историјата на спортот. Јувентус за првпат стана европски првак но резултатот остана во сенка на големата трагедија.

Што бидна меѓу Жељко Бувач и Јирген Клоп - неразделните другари

Неделава на „Енфилд Роуд“ било турбулентно: почна со повредата на Окслејд-Чембрлејн, потоа Салах имаше повик од египетски суд за на крај проблем да се јави со Жељко Бувач - десната рака на Јирген.

Ниту Реал, ниту Барса како Ливерпул

Импресивно делува овој состав на Клоп, а импресивни се и бројките до кој стигна сезонава во ЛШ. Кој би рекол дека при гиганти од рангот на Барселона, Реал, Баерн, Сити и ПСЖ, токму Ливерпул ќе меле кој стигне во елитното натпреварување и ќе стигне до финале.

Кога Клоп за малку ќе станел доктор а не фудбалер

Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.

И Рома има право да се жали за пенал

На судиите во Лига на шампиони нешто не им се суди пенали сезонава. Турчинот Чакир и неговите помошници синоќа премолчија чисто играње со рака на Марсело, а по истите стапки продолжи и неговиот колега од Словенија, Дамир Скомина. 

Триото на Ливерпул е број 1 во ЛШ

Роналдо, Бејл и Бензема на 26 мај во Киев ќе си имаат работа со најефикасното трио сезонава во Лигата на шампионите. Статистиката ги смести Салах, Фирмино и Мане на пиадесталот. Ниту едни други тројца од иста екипа не успеале да постигнат толку голови во само една сезона. 

Нема второ чудо, силен е овој Ливерпул

Фудбалерите на Рома му запнаа на Ливерпул со отворен фудбал што ги чинеше негатива од 1:2 на полувреме, која успеаа да ја анулираат и да стигнат до триумф од 4:2, недоволен за виза во Киев. Доцна реагираа Италијанците, на 26 мај европскиот првак ќе ја брани титулата против незгодните момци на Клоп.

Салах во Италија: Љубов, омраза, обвинение за расизам и анти-семитизам

По многумина најдобриот играч сезонава во Лига на шампиони вечерва се враќа во Италија - земја во која заигра на врвно ниво но и каде го обвинуваа за анти-семитизам и за расизам.

Ефикасноста на Ливерпул е друг муабет

Немаме кажано сè за Ливерпул, клубот кој е блиску до финале и кој е најзалужен за тоа што ја гледаме сезоната со најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите.

Садио Мане - третиот херој на Ливерпул во кој не верувале родителите

Толку многу сакал да игра фудбал што како мал избегал од родното село и отишол на проба во 800 километри оддалечениот Дакар. Неговите на крај се помириле дека се решил за фудбал па решиле да собираат пари од бербата во плантажите во Сенегал.

Навивач на Рома напаѓаше пред Енфилд Роуд со чекан

Двајца навивачи на Рома се уапсени, а еден ирски навивач е во критична состојба по тепачката која се случи пред стартот на мечот меѓу Ливерпул и Рома. Полицијата ги сомничи за обид за убиство.

Емоциите на Египќаните за головите на Мохамед

Салах е човек кој го обединува Блискиот исток. Додека тој игра фудбал прекинуваат сите немири, конфликти и бомбашки напади. Сите го гледаат него.

Салах не ги славеше головите поради почит кон Рома

Мохамед Салах е египетското чудо за кое зборува светот. Во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите ѝ даде два гола на Рома и плус намести два други гола (5:2). Но не заборави на тифозите кои го почитуваа.

Рома доби лекција по фудбал на Енфилд Роуд

Со брз и модерен фудбал, базиран на страшен напад предводен од убиственото трио Салах - Фирмино - Мане, фудбалерите на Ливерпул ја разбија Римската Волчица која на Олимпико во Рим ќе ја има истата задача како против Барселона. Да брка ново чудо од 3:0 за пласман во финале.

Пеналите Рома - Ливерпул и римската трагедија

Се навршуваат 34 години од епското финале на Купот на европски шампиони Рома - Ливерпул во Рим кога будалестиот голман на Англичаните Брус Гробелар им се плезел на домашните играчи пред да шутираат. Рим уште не може да го заборави тој пораз.

Тажната сторија за легендата на Рома

Во ера во која бил сакан еднакво како Тоти во нашето време, Агостино Де Бартоломеј важел за принцот на Рим - дете родено во „Вечниот град“ што неизмерно ја сака Рома. За жал завршува неславно, заборавен од многумина кои го воспевале.

Дајте му пирамида на фараонов

Фудбалерот кој го однесе својот Египет на Светско првенство после повеќе од две децении сосема заслужено е избран за играч број еден во Англија.

Навивачите на Рома кампуваат за карти со паста и вино

Италијанската страст за фудбал не познава граници. Стотици навивачи на Рома направија редици кои траат 36 часа, само за да го бодрат својот тим на Олимпико, местото на кое ја урнаа непобедливата Барселона во четвртфиналето од ЛШ.