Најгрдата слика пред стартот на полуфиналето од Лига на шампиони е како навивач држи чекан в рака пред стадионот Енфилд Роуд, со кој за малку не го усмртил на лице место 53 годишниот ирски навивач кој лежи тешко повреден во болница.
Хаосот настанал околу еден час пред почетокот на мечот меѓу Ливерпул и Рома, а полицијата уапсила двајца италијански навивачи на возраст од 25 и 26 години кои се осомничени за обид за убиство.
Покрај овие двајца навивачи уапсени се уште седдумина навивачи на Рома кај кои било пронајдено дрога и други тврди предмети.
Во Ливерпул се шокирани и згрозени од нападот врз навивачот.
„Нашите мисли прво се кај ирскиот навивач и неговото семејство во овој многу трауматичен момент. Им нудиме целосна поддршка. Клубот е во постојана комуникација со службите за брза помош откако се случи инцидентот и ќе продолжи да го прави тоа“, стои во сооптението на Ливерпул.
Liverpool fan with bloodied face taken away in ambulance after being attacked by what appeared to be group of 20 to 30 Roma fans behind the Kop just before the game. pic.twitter.com/dEATgNLiaE
— Ben McPartland (@McPBen) April 24, 2018
Roma fans attacked Liverpool supporters before kick-off. pic.twitter.com/XQMaW5qI4F
— Hools (@Hoolsnet) April 24, 2018