Словенечкиот Марибор важи за еден од ретките градови каде руските навивачи не можат баш да шетаат слободно. За некое чудо, навивачите на Марибор собрани под името „Viole“ (бојата на клубот е виолетова), без никаков респект влегуваат во судир со спремните руски набилдани хулигани. И два-три пати поштено ги добиваат. Така беше и синоќа на мечот Марибор - Спартак (1-1) од Лигата на шампионите.