Што бидна меѓу Жељко Бувач и Јирген Клоп - неразделните другари

Неделава на „Енфилд Роуд“ било турбулентно: почна со повредата на Окслејд-Чембрлејн, потоа Салах имаше повик од египетски суд за на крај проблем да се јави со Жељко Бувач - десната рака на Јирген.

ЗА КОГО СТАНУВА ЗБОР?

Жељко Бувач е полумитска фигура. Тој цели 17 години работеше со Клоп, но за овој Србин од Босна јавносновинарите не знаат баш многу.

Бувач и Клоп се запознале во 1992 година кога заедно играле за германски Мајнц. Многу брзо се здружиле: Бувач асистирал, Клоп давал голови а после секоја средба долго време поминувале заедно во разговори за фудбал и тактика. И тогаш сфатиле дека не можат еден без друг. Се договориле ако еден од нив некогаш стане тренер, да го викне со себе другиот.

Така и биднало. Во 2001 Клоп стана главен тренер на Мајнц и го викнал Бувач. Подоцна, при преговорите со Борусија Дортмунд и Ливерпул Јирген секогаш поставувал прв услов: Бувач и Кравец (уште еден постојан помошник на Германецот) мора да работат заедно со него.

Делуваа како рок група: Клоп - фронтмен кој има увид над сè, а Бувач и Кравец зад него, на бас гитара и тапани.

Фудбалерите кои работеле со Клоп велат дека тој и Жељко идеално се дополнуваат еден со друг: спокојниот и темелет Србин бил рамнотежа на жестокиот Германец (каков интересен парадокс).

„Јас би можел да работам со Клоп сигурно уште 100 години“, изјавил Бувач пред пар сезони.

Но работите се смениле.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

На 30 април англискиот Daily Record објавил инсајд: асистентот на Клоп, Жељко Бувач го напушта клубот.

Ливерпул објави официјално соопштение кое беше помалку штуро: „Бувач не е отпуштен, туку од лични причини нема да работи со екипата до крајот од сезоната. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Рома, Челси, Брајтон и финалето на Лига на шампиони, ако Ливерпул се пласира таму“.

Не пројде многу а брзински се појави разни теории за ваквиот развој на настаните. Најпопуларна и најневеројатна теза е дека Клоп и Бувач се спречкале па дури и физички се пресметале на терен.

Уште „поегзотично“ делуваше онаа која што ја пренесоа босанските медиуми: „Бувач го заменува Венгер во Арсенал“. Ова би било реално само ако Жељко самиот неколку пати не повтори дека не сака да биде главен тренер („Секој човек има талент за нешто. Јас имам талент да организирам тренинзи“).

На интернет кружи вест и дека Бувач го напуштил Ливерпул поради болест на татко му: Србинот наводно се вратил во Босна. Збунката се обидел да ја разјасни колумнистот на The Times, Пол Џојс:

„Бувач замина од клубот затоа што стана се помалку вовлечен во работата со екипата за време на мечевите. Тоа е главна причина според која Жељко е отстранет од тимот до крајот на сезоната, а не некаков спор со Клоп. Јирген се надева дека неговата десна рака ќе се врати но ако Бувач чувствува дека не е доволно инволвиран, нема да може да го убедат“, недоволно јасно раскажал новинарот.

Уште еден инсајд сподели германски новинар и автор на книгата за Клоп, Рафаел Хонингштакн: „Не знам што се случило меѓу нив сега. Но односите и претходно им беа неускладени. Често се караа но секогаш се смируваа“.

Во книгата "Klopp: Bring the noise“, германскиот новинар подробно ги опишува караниците на возрасните мажи: „Тие и двајцата се импулсивни луѓе. Бувач може на пример да му каже: ’Да ми го бакнеш газот’ и да излезе од канцеларијата со трескање врата. Но после пет минути одново ќе бидат најдобри другари“.

Но овој пат приказната е посериозна. Меѓу нив уште немало таква расправија за да ја раскинат соработката.

ШТО ЌЕ БИДЕ СО ЛИВЕРПУЛ?

Жељко Бувач е втор човек во тимот после Клоп. Уште во Борусија Јирген му го смислил прекарот „Мозок“. Србинот одговарал за таткиката на екипата, за противникот и за тактичка обука на фудбалерите. Во Дортмунд имало поговорка: Ако играч не сфати што рекол Бувач, никој не може да му помогне.

Велат дека токму Жељко го смислил гегенпресингот благодарение на кој Борусија Дортмунд доминираше во цела Германија и ширум Европа. Тој важи за добар тактичар што за време на натпреварите го советува Клоп.

„Кога нешто не оди како треба, тој прв забележува и веднаш почнува да бара решение со мене. Ние сме како стари сопружници и тоа е поразително!“, се смеел Клоп неодамна во интервју за клупскиот сајт на Ливерпул.

Интересно Бувач ги водел тренинзите на екипата а Клоп претпочитал да набљудува од страна. Еден од најдобрите играчи кои двајцата некогаш го тренирале, Пјер-Емерик Обамејанг за Србинот вели:

Жељко Бувач и Јирген Клоп

„О, Боже, тоа беа најтешките тренинзи кои сум ги имал во живот. Жељко Бувач ги мачи играчите, ги тера да трчаат со часови во разно темпо. И од време на време играчите се должни да ја менуваат брзината, суви тренинзи без топка.“

Клоп безгранично многу му верувал на својот асистент. Неколку пати Бувач го заменувал Јирген на теренот и Германецот бил спокоен: „Ние двајца апсолутно исто размислуваме фудбалски“. Клоп неверојатно многу го ценел Бувач и често го фалел: „Жељко Бувач е мојот најдобар трансфер! Погледнете што постигнав со него. Без него немаше да бидат овие успеси“.

Тие двајца поминале заедно 17 години - период во кој освоија многу трофеи и направија чудесни резултати.

Но сега за сега Клоп продолжува сам...