Таг: лига на шампиони

Лига на шампиони - коцка по коцка

Го гледавте натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, потоа изгледавте и видео со најинтересните моменти, гледавте фото-галерија, читавте вести... и мислите дека видовте се за финалето од Лигата на шампиони? Ви фали уште видео од лего верзијата.

Баерн Минхен на тронот на Европа

Баерн Минхен стигна до петтата шампионска круна во најквалитетното клупско европско натпреварување. Со голот на Аријен Робен во 89 минута фудбалерите на Баерн славеа со 2:1 во првото германско финале од Лигата на шампионите.

Од Дортмунд со љубов

Кој вели дека Германците немаат смисла за хумор? Борусија Дортмунд го шармираше и освои Лондон со интересна кампања пред финалето на Лигата на шампиони.

Лигата на шампионите полни 20 години

Најквалитетното европско натпреварување помеѓу најдобрите екипи од стариот континент постои од 1955 година под називот Куп на шампиони или Европски Куп, но пред 20 години УЕФА одлучи да го применува во името „Лига на Шампиони". Екипата која прва го подигна пехарот под новиот назив е Олимпик Марсеј.

Берлин и Варшава домаќини на финалињата во 2015

Европската куќа на фудбалот ги одреди двата града кои ќе ја имаат честа да бидат домаќини на двете финалиња од најквалитетните клупски европски натпреварувања за три години.

Србинчето од паркот во Флорида стигна до финале на ЛШ

Босанскиот Србин кој беше откриен пред 9 години во парк во Флорида, ќе стане првиот Американец кој играл на финале од Лигата на шампиони. Ова е само фрагмент од неверојатната биографија на Невен Суботиќ.

Лондон го стартуваше фудбалскиот фестивал

Како вовед пред најголемиот фудбалски празник во годината, финалето од Лигата на шампионите кое се играа оваа сабота на „Вембли", Лондон ќе биде домаќин на неколкудневна богата спортска програма во чест на 150 годишнината од оформувањето на Фудбалската Асоцијација на Англија.

Јуве со допинг до титула во Лигата на шампиони

Италијански експерти за допинг тврдат дека фудбалерите на Јувентус користеле недозволени средства кои во тоа време не можеле да се откријат за време на финалето од Лигата на шампиони во 1996-та година кога го совладаа Ајакс по изведување на пенали.

Баерн доби поддршка од Минхенската филхармонија

Со звуците на химната од Лигата на шампионите кои ќе ги препознаете во текот на композицијата, членовите на филхармонијата од Минхен предводени од маестро Лорин Мацел, во спортско-музички амбиент отсвирија во чест на Баерн Минхен кој за 5 дена на Вембли го игра натпреварот на годината.

Никола Рицоли ќе ја дели правдата на „Вембли“

Еден од најдобрите и најпознатите судии од Италија, ќе ја има честа да го суди големото германско финале од Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кое се игра на 25-ти мај на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Женското финале ќе се распродаде по грешка

Милиони навивачи на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен аплицираа за влезници, а дел од нив биле пресреќни што си купиле ефтини карти за финале од Лига на шампиони кое ќе се игра во Лондон, но не приметиле дека станува збор за женското финале.

Никој да не ми седнал

До германското финале од Лигата на шампионите на „Вембли" во Лондон останаа уште само 17 дена, а големиот празник за фудбалот со најголемо нетрпение го очекуваат навивачите на Баерн и Борусија кои сигурно уште денеска би се појавиле на стадионот со шатори и сендвичи се до 25 мај.

11 (про)тези за германското финале

Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.

Германски сеир за Шпанците

Реал Мадрид и Барселона не само што беа елиминирани, туку беа и целосно надиграни од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, па сосема заслужено Германците сега можат да им удрат и еден добар сеир.

Баерн и на „Камп Ноу“ како дома

Германската машинерија повторно ја посрамоти Барселона и со вкупен резултат од 7:0 го елиминираше шпанскиот гигант кој беше тотално немоќен и пред своите навивачи. За прв во историјата на Лигата на шампионите ќе гледаме германско финале.

Пирова победа на Реал, Борусија е финалист!

Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампиони. Реал Мадрид извојува пирова победа од 2:0 и Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.

Кралевите со операција 3:0

Фудбалерите на Жозе Мурињо треба да го одиграат натпреварот на годината и да блеснат во најдоброто можно издание за да ја анулираат високата предност на Борусија од првиот дуел. Пример треба да им биде Депортиво кој во 2004 година го шокираше Милан.

Старата добра германска машина Баерн Минхен

Долго време никој така не ја надиграл и не бил до толку надмоќен против Барселона како што тоа го стори Баерн Минхен на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони со што се потврдија предвидувањата дека Баварците се подготвени повторно да завладеат на европската сцена.

Како Борусија Дортмунд од банкрот стигна до врвот на Европа

Минатогодишниот германски шампион го преслуша Реал Мадрид како што одамна никој не го надиграл и направи голем чекор кон финалето на Лигата на шампиони, но денешната фудбалска мапа на Европа можеше да изгледа сосема поинаку ако пред точно 8 години Борусија Дортмунд банкротираше.

Левандовски ги потопи Кралевите

Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.

Реал на гости во неосвоивата тврдина

Втората шпанско-германска битка во полуфиналето од Лигата на шампионите по втор пат оваа сезона ќе ја видиме помеѓу истите актери. Екипата на Мурињо големото финалето ќе го брка против тимот кој не знае за пораз оваа година во најелитното клупско натпреварување.

Судиите главни на уште еден голем натпревар

Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.

Баерн и одржа лекција на Барселона

Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.