Традицијата вели дека ниту еден тим до сега од постоењето на новиот формат на Лигата на шампиони, не успеал да ја одбрани титулата. Но по импресивните игри минатата сезона кога Баерн Минхен стана само седмиот тим во историјата кој успеал да ја освои тројната круна, многумина веруваат дека Баварците конечно ќе ја црната традиција за шампионите.
Според кладилницата bet-at-home, Баерн Минхен кој е во група со Манчестер Сити, е главен фаворит за одбрана на титулата со коефициент 4,25.
Веднаш зад Баерн Минхен е Барселона која ќе има потешка задача во групната фаза каде ќе игра против Милан, Ајакс и Селтик. Коефициентот на Барса е 5.
Следува Реал Мадрид со 6, а Челси предводени од Мурињо имаат коефициент 9. Коефициентот на Манчестер Јунајтед е 13, Манчестер Сити и ПСЖ по 15, Јувентус 16, а Борусија Дортмунд 18.